Ознака: Дрим

Од денес почнува чистењето на устието и коритото на Црн Дрим во Струга

Post Views: 10 Во рамки на проектот Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, во понеделник, 31 август, ќе почне чистењето на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга. Оваа активност е неопходна за справувањето со загадувањето на Охридското Езеро што во последните неколку децении го предизвикува реката Сатеска со носење на наноси кои се штетни за езерото. Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото,...

Continue reading

лов

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим

Post Views: 2 ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за замјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка – Струга, за што реагираше...

Continue reading

Дејствувај за Дрим

Post Views: 2   Oбединети под заедничката иницијатива „Akt 4 Drin“, група балкански студенти беа запознати со законските регулативи од петте земји кои ги поврзува сливот на реката Црн Дрим. Оваа пролетна школа за прв пат се организира, а како иницијатива ги обединува студентите од земјите од сливот на реката Црн Дрим, како што нагласи Тома Влахојани програмскиот координатор на медитеранската организација. Таа додаде дека ги хармонизираат студентите и ги учат за богатствата што ги нуди црнодримскиот регион. Влахојани истакна дека 28 студенти во текот на својот престој во нашата земја...

Continue reading

На 5 ти Мај ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим

Post Views: 7   Годинава, на 5-ти мај, ќе се одбележи денот на реката Црн Дрим. Организатор на овој настан е ЕК „Грашница“, во рамки на дримскиот ГЕФ проект, „Овозможување прекугранично интегрирано управување со водите од дримскиот базсен“. Како што најави Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“, одбележувањето на денот ќе биде проследено со низа активности. „Настанот ќе се одвива во срцето на реката Црн Дрим, односно на неговиот извор. Почеток е во 10 и 30 минути. Настанот почнува со чистење на плажата на крајбрежниот појас од паркинг просторот па се до вливот на реката Црн Дрим, потоа имаме...

Continue reading

свр

Едно лице го загуби живото во реката Црн Дрим

Post Views: 5 Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид. На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено...

Continue reading

Пастрмката се враќа во Црн Дрим

Post Views: 5 Пастрмката се враќа во реката Црн Дрим Струга. Последниве две три години во водите на реката се забележува по некој примерок од овој вид риба, вели Емил Матоски претседател на концесионерот на риболовниот ревир Црн Дрим 1. Додава дека тое е резултат на нивната грижа, но и законска обврска преземена со концесионерството. „Наша цел е секоја година се повеќе и повеќе да порибуваме со пастрмка, тое е наша обврска за да ја вратиме таа риба во реката Црн Дрим како што ја имало на времето. Можам да кажам дека изминативе години пастрмката веќе е застапена во уловот кај риболовците...

Continue reading

Ресата во Црн Дрим, ѕирка над површината на реката

Post Views: 0   Стужани не паметат дека на самиот почеток на летната туристичка сезона, ресите во реката Црн Дрим некогаш останале не покосени. Велат, дека на места, кејот на реката наликува на мочуриште и остава грда слика не само за граѓаните, туку и за туристите кои веќе масовно ја посетуваат туристичка Струга. Расчистувањето на реката Црн Дрим од реси, секоја година го прават екипи од ХЕЦ „Глобочица“. Годинава малку се доцнело поради ладната зима и недоволно постигнатата висина на ресата во пролетниот период, кога досега ја сечеле, вели директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски....

Continue reading

prvenstvo ribolov

Државно првенство во ловење риба со пливка на Црн Дрим

Post Views: 0 Викендов на кејот на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во организација на Македонската Риболовна Федерација. На натпреварот во ловење риба со пливка, учествуваа 4 екипи на кадети, кои се натпреваруваа екипно и поединечно, 9 јуниори кои се натпреваруваа поединечно и една кадетска екипа на девојчиња, кои имаа настап од ревијален карактер. Во кадетска конкуренција, поединечно, првото место го освои Илија Рупев од Св.Стефан од Охрид, второ место го освои Еми Трендафилова од екипата на Професионал од Велес, а третото место припадна...

Continue reading

црн дрим

Струга урбанистички се уредува

Post Views: 7   Струга урбанистички ќе се уредува  пред почетокот на туристичката сезона.  Започна реконструкцијата на шеталиштето на левиот кеј од реката Црн Дрим, од мостот на улица Маршал Тито до хотел Дрим.  Секторот за урбанизам ги спровел сите  законски регулативи, избрал најповолен изведувач и издал градежно одобрение. Според идејниот проект за реконструкција на речниот кеј, во првата фаза кејот ќе биде  поплочен со гранитен камен, ќе бидат поставени канделабри, клупи за одмор, а просторот ќе биде оплеменет и со  хортикултурно зеленило, информира раковдителот на секторот за...

Continue reading

h.Drim

Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните

Post Views: 4 На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона. „За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално...

Continue reading

logo

Завршува партнерскиот проект на ЈПР за енергетска ефикасност

Post Views: 8 Утре во хотелот Инекс Дрим во Струга, со почеток во 10:30 минути,  ќе се одржи завршната конференција на проектот “Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион”, во чии рамки се спроведоа поголем број активности во Југозападниот плански регион. На настанот за активностите и резултатите од проектот ќе зборува тим лидерот, Јасминка Димитрова Капац од здружението МАЦЕФ од Скопје.  Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше партнер во овој проект, инаку финансиран од ЕУ во рамките на ИПА програмата за прекугранична...

Continue reading

Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Post Views: 0 Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР. Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top