Ознака: директорот

bolnica

На стружани им треба нова болница

Post Views: 14 На Струга и е потребна нова болница или реконструкција на постоечката. Во моментов оваа установа работи со полна пареа на сите одделенија.  Како што кажа првиот човек на болницата Ментор Ибраими чекаат влез во втора фаза од реализацијата на владината програма за реконструкција на здравствени објекти во државава. Нагласува дека потребно е да се прошират сите простории во постоечкиот објект. „Општа болница има потреба, сведоци сме последниве месеци дека имаме прилив на пациенти за лабараторија, дали е причина нашата прецизност во издавање резултати дали е причина што...

Continue reading

josip broz tito

Обезбедена е нафта во ООУ„Јосип Броз Тито“, утре почнува наставата

Post Views: 3 Денес пристигна нафта за основците од струшко „Јосип Броз Тито“, како што информира Тони Савевски, В.Д. директорот. Учениците од утре, петок, ќе продолжат со настава откако е обезбеден неопходнот енергенс. Околу 10 тони нафта веќе се испорачани во ООУ, а дел од неа ќе биде испорачана и во подрачните паралелки во селата Враништа и Мислашево. Како што веќе информиравме со одлука на Советот на родители од вчера околу 700 основци не ја посетија наставата поради незагреаните училници. Родителите беа категорични во својот став, се додека нема нафта за греење учениците ќе бидат...

Continue reading

Roger Federer

Федерер „најтежок“ за соработка

Post Views: 7 Директорот на АТП турнирот во Базел Роџер Брендвал, исткана дека поранешниот светски рекет број еден Роже Федерер, најверојатно нема да настапи на турнирот оваа година. Тој објасни и зашто дошло до проблеми со Федерер, кој секогаш е недостапен. “Роже секогаш беше нашиот приоритет . Ние дури му доволивме ид а ги промовира своите спонзори , што не е дозволено . Благодарни сме му за времето кое го помина со нас. Но , работата е многу јасна . Ние му испративме понуда која тој ја одби . Потоа му испративме уште една понуда , но се уште немаме одговор . Ние за појавување...

Continue reading

penzioneri Struga

Струшките пензионери се пожалија на ФЗОМ дека незаконски им се наплаќа партиципација во здравството

Post Views: 0 Пензионерите од Струга денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива и изразија надеж дека по денешната работилница ќе бидат разрешени најголемиот дел од проблемите кои тие ги имаат од областа на здравственото осигурување. А еве со кои проблеми најчесто се соочуваат. „Најискрено да ви кажам...

Continue reading

ДИРЕКТОРОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПИТЕР РАЈТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Во рамките на Програмата за спикери на Амбасадата на Соединетите американски држави, во работна посета на Општина Охрид, денеска беше директорот на Американскиот центар за претприемништво Питер Рајт. На средбата со охридските бизнисмени и претставници на Локалната самоуправа, чиј домаќин беше претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, се разговараше за можната соработка со оваа реноморана институција во проектите за развој на претприемништвото.

Continue reading

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов: Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Post Views: 2 Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади. „Би сакал да нагласам дека од 1-ви април апликацијата на чипот ќе се...

Continue reading

dijaliza

Заводот за нефрологија Струга, функционира и без срцето на установата, хемодијализата

Post Views: 0 Заводот за нефрологија функционира и без срцето на установата, хемодијализата. Првиот човек на институцијата Сами Мена вели дека не е против приватна дијализа, туку нивните реакции до ресорното Министерство за здравство биле да им укажат дека Заводот за нефрологија е од суштинско значење за Струга бидејќи тука се вршеле многу дејности, од дијагностика, лечење па се до хемодијализа. Мена нагласи дека Заводот располага со болнички, уролошки, дијагностички дел, со трансфузија и физикална терапија, како и сопствена инфективна амбуланта со најдобри лабараториски делови и...

Continue reading

Владимир Алексијоски е в.д директорот на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост

Post Views: 13 Директор на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост е Владимир Алексијоски. Вака одлучил Управниот одбор по што ќе следува законска постапка за раздвојување на МЈП Проаква на три работни единици. Алексијоски напоменува дека од подолгите преговори со Владата е точно предвидено што ќе се прави со колекторскиот систем за да се санира и да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко уништување. Во моментов пумпните станици се во многу лоша состојба, а меѓу општинското пертпријатие Проаква нема финансиски капацитет да го одржува системот. Сега меѓу приоритетите...

Continue reading

deponii

Дивите депонии реален проблем во струшкиот регион

Post Views: 7 Дивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор. „Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни...

Continue reading

ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ АГРОН БУЏАКУ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112. За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот...

Continue reading

ucenici nova

Македонските средношколци како Европски парламентарци

Post Views: 3 Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент. На овој настан учествуваа 80 ученици и 20 професори од дваесет средни  училишта во земјава. Овие ученици се дел од МЕП-клубовите во матичните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. Тие се дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта. Учениците кои  учествуваа на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово,...

Continue reading

Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи

Post Views: 3 Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица. „ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top