Tag: децата

Vevcani

Разликите се наша предност

Децата со исламска вероисповед од руралните средини, се запознаа со христијанската вера. Тие се дел од проектот „Разликите се наша предност“, проект подржан од УНДП а го реализираат здружениејата „Езерка“ и „Толеранца“ од Струга. И попот и оџата кажуваат дека треба да живееме заеднички во слога. Верата луѓето ги соединува, а во секоја вероисповед доминираат љубовта и разумот. Денес во Вевчани отпочна реализација на проектот „Разликите се наша предност“, односно неговата прва фаза, која се состои од  посета на црква сместена во рурална средина која е етнички чиста. Децата одлично впиваат и трезвено...

Continue reading

crtezi

Како децата го гледаат оружјето

Криминалот со оружје претставен преку уметнички дела. Учениците од ОУ во државава насликале вкупно 2900 цртежи, на тема „Акција против оруженото насилство“. Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот...

Continue reading

ucilishte

Безбедносна ограда

Оградено дворното место кај старото училиште „Браќа Миладинови“ – Струга. Конечно, одговорните со овој потег почнаа трезвено да размислуваат за безбедноста на децата. Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца...

Continue reading

gimnazija

Гимназијалците фасцинирани од Белград

Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Учениците од прва година од драмската секција...

Continue reading

gradinka

Во државава има недостаток од претшколски установи

Роди трето дете па плаќај жена да ти ги чува. Преполните градинки со стутканите креветчиња и недоволен број негувателки и воспитувачки им создаваат проблем на родителите, кои мака мачат да ги сместат децата во овие претшколски установи. Во поголемиот дел од градинките во земјава или нема слободни места или, пак, има недостаток на персонал, а проблемот е најсериозен во главниот град, каде што има само 18 градинки, со капацитет за 9.800 деца. – Годинава не успеав да ја запишам тригодишната ќерка во градинка, ми кажаа дека нема место. Не знам како е можно да има недостаток од градинки, ни...

Continue reading

OU Bratstvo Edinstvo

Нема учебници за турските паралелки

Турските серии по се изгледа поприоритетни од образованието на децата. Децата во турските паралелки од ОУ „Братство Единство“ сеуште немаат учебници на мајчин јазик, што согласно законот им е неприкосновено право. Отворен проблем во образовниот процес на ОУ „Братство Единство“. Децата кои изведуваат настава на турски јазик сеуште се без соодветни учебници по редовните наставни предмети. Родителите со право реагираат, но се обраќаат на погрешна адреса, вели директорот на ова училиште Осман Османи. Тој вели дека од негова страна прави големи напори децата што помалку да трпат поради овој проблем....

Continue reading

ruiniran objekt

Училиште на опасен терен

Во населбата Даљан, Охрид, во непосредна близина на подрачната единица на ОУ Св. Климент Охридски, постојат објекти опасни по живот. Подрачното училиште на Св. Климент Охридски во населба „Даљан“, во моментов се наоѓа меѓу објекти опасни по живот. Рушевини, паднати ѕидини, надвиснати кровни конструкции со искршени талпи, е сурово секојдневие на децата кои изведуваат настава во ова училиште. Да не зборуваме за околината околу овие објекти во која има секаков вид на комунален отпад од градежен шут па се до игли шприцеви остатоци од храна и друго. Оваа слика посебно го погодила Петар Панов некогашен...

Continue reading

Bil Gates

Ништо од милијардите на тато

“Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца. “Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца. Своите милијарди основачот на Microsoft ќе ги намени на борба против сиромаштијата. Но, пред да се загрижите дека неговите деца ќе бидат сиромашни како...

Continue reading

Mishele Obama

Мишел Обама побара од рестораните во САД да нудат здрава храна

Таа посочи дека Американците половина од своите приходи ги трошат на храна, додека една третина од оброците тие ги јадат во рестораните. Сопругата на претседателот на САД, Мишел Обама, денес ги повика сопствениците на ресторани и од нив побара во нивните мениа да воведат што е можно повеќе здрава храна, да ја означат и убаво обележат храната за деца. Мишел говореше на заседанието на Националното здружение на сопственици на ресторани и ги замоли во менито да ставаат помалку мрсна храна, а повеќе овошје и зеленчук, посебно во оброците за децата. Таа посочи дека Американците половина од своите...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top