Ознака: денот

80 години одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание

Post Views: 3 Во Прилеп синоќа почна одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание и 80-годишнината од овој настан кога во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна. Според програмата, На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ се обратија премиерот Зоран Заев, кој повика да се надминат поделбите и на обединување со што ќе се исполни аманетот на предците од Илинденското Востание преку АСНОМ до референдумот за независност. Празничната програма заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941...

Continue reading

Oпштина Охрид ќе го одбележи 2-ри август – Денот на Републиката

Post Views: 3 Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката. За утревечер од 20:00 часот е предвивено полагање цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците и културно – уметничка програма во село Велгошти. На празникот, в петок, од 09:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во градскиот парк, а од 11:00 часот ќе се одржи историски час и културно – уметничка програма во селото Плаќе.

Continue reading

akcija

Учениците и вработените од ОУ „Дебрца” засадија 300 садници

Post Views: 5 По повод Денот на дрвото-Засади ја својата иднина учениците заедно со вработените од ОУ ,,Дебрца” с. Белчишта и вработените во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Г-дин Игор Трајкоски засадија повеќе од 300 декоративни садници. Беа засадени садници од  чемпрес и други украсни дрва на локации во училишните дворови како и на територија на Општината. {loadposition content9}  

Continue reading

Охрид годинава е домаќин на одбележувањето на 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро

Post Views: 10 19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство. Градоначалникот на Охрид, Констанетин Георгиески е убеден дека тимот кој ќе патува во Баку , од кој дел е и тој самиот, има доволно аргументи да го одбрани статусот на Охрид. Тој вели дека интензивно се работи на...

Continue reading

Охридската библиотека со исложба ќе го одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Post Views: 9 Денеска во 12 часот во НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација д-р Ана Комарова ќе се одржи предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век. Д-р по науки Комарова ќе говори и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите. Во истиот...

Continue reading

Охридските пожарникари го прославија денот на пожарникарството во РМ

Post Views: 5 Со звукот на сирените охридските пожарникари го прославија денот на пожарникарството во РМ. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој им го честита празникот и им посака многу успех, но и среќа во работата која знае да биде и тоа како ризична. Георгиески рече дека соработката на Локалната со Територијалната противпожарна единица секогаш е на завидно ниво и дека така продолжуваат и во иднина. Ние како Локална самоуправа веќе работиме на план за одредена модернизација како и возобновување на материјалните средства, на возниот парк, а и...

Continue reading

Денот на Европа го одбележаа и учениците во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 10 9ти мај Денот на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години по крајот на Втората светска војна како и секоја година се одбележува и во ОУ Григор Прличев.  Преку креативна работилница ученици од одделенска настава од 1во, 3то и 5то одделение во училишниот парк направија ѕвезди , симболот на унијата. Потоа сите заедно ја испејаа  „Ода на радоста“ химната на Европската унија. Учениците од 5то одделение пред своите соученици од пониските одделенија прочитаа податоци за настанувањето на унијата и нејзиното значење.  „Денеска е денот на Европската Унија“...

Continue reading

Општина Охрид го одбележа Денот на Европа

Post Views: 2 Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески. „ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што природно...

Continue reading

Бесплатни гигабајти на Google Drive за денот на безбеден интернет

Post Views: 6 Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive. Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил. Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот. За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното: -Пријавете се на...

Continue reading

Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото. Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото

Post Views: 2 Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина. „На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме и живееме....

Continue reading

Најмладите охриѓанчиња го одбележаа денот на шегата

Post Views: 13 Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од сите охридски градинки покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, па се до омилените ликови од актуелните сапунски серии. Принцези, самовили, Бетмен, Спајдермен беа само некои од ликовите во кои кои најмалите беа маскирани. Буквално на плоштадот можеше да се види се и сешто. Целта беше, одбележувањето на денот на шегата, 1 април. На одбележувањето на празникот се приклучија и учениците од основните...

Continue reading

Пригодна свеченост по повод Денот на младинските работни акции

Post Views: 3 Во понеделник, 1-ви април, во 12:00 часот во ОУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец, ќе се оддржи централната манифестација по повод Денот на младинските работни акции. – Денот е во спомен на едно време кога 90 км пруга се градеше за 6 месеци, 360 км автопат за 3 години, а 60.000 млади со крап, лопата, количка и љубов ги надминуваа сите реални норми. Активностите се дел од проектот „Охрид чист во еден здив“ на членовите на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид и несебичното учество на учениците на ОУ „Ванчо Николески“ под мотото „Гумата не горија, за украс обои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top