Ознака: дека

Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Post Views: 9 Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив. Фејсбук објава ударно, сензационалистички, но, лажно, ја информира...

Continue reading

Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

Post Views: 1 Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на...

Continue reading

Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

Post Views: 3 Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни. Во пост на Фејсбук е прикажано видео во кое се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале мутации кај новородени бебиња. Нашата проверка покажа дека ова не е точно. Постот се повикува на тврдењето на Фатих Ербакан, лидер на Велфар партијата...

Continue reading

Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Post Views: 3 Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт. Пост на Фејсбук неосновано шири дезинформации дека откако почнало вакцинирањето против ковид-19, се зголемил бројот на заболени и починати. Постот неточно вели и дека се кријат официјални податоци...

Continue reading

Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле дека ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

Post Views: 0 Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19. Објавата на...

Continue reading

Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

Post Views: 0 Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус. На социјалните...

Continue reading

Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид

Post Views: 14 Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот се руски рулет, односно дека...

Continue reading

ФИЛИПЧЕ: НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО, ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ ДО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ-ВАШИОТ ТРУД И ПОЖРТВУВАНОСТ СПАСУВААТ ЖИВОТИ И ТОКМУ ЗАРАДИ ВАС ЛУЃЕТО ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ

Post Views: 5 По повод, Меѓународниот ден на здравјето, 7 април, со обраќање до здравствените работници, Министерот за здравство, Венко Филипче им оддава признание за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје: „Драги колеги, Ова обраќање ви го посветувам на вас, здравствените работници. Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен предизвик ја водиме битката на нашата генерација. Коронавирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Но, во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд...

Continue reading

Апсурдни тврдења дека вакцинираните го добиваат коронавирусот со вакцината, а потоа го шират

Post Views: 2 Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација. Фејсбук објава обвинува дека вакцинираните го шират коронавирусот преку вакцината. Постот е полн со дезинформации и дава сосема искривена слика за вакцините против ковид-19 и за самиот процес на имунизација. Неточно е...

Continue reading

Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

Post Views: 1 Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека болестите, односно епидемиите на заразни болести, коишто се случуваат во светот на секои...

Continue reading

Неточно е дека заработувачката на Фајзер е поради ретките несакани ефекти од вакцината

Post Views: 1 Згрутчувањето на крвта е многу ретко, во многу мал број случаи, така што дури и кога тие би се лекувале со лекови од „Фајзер“, повторно би станувало збор за многу мал број случаи и последично на тоа многу мал број лекови. Така што „Фајзер“ не би можел да се збогати од тоа и парите што би ги заработила компанијата од продажбата на тие лекови би биле минорен процент од вкупните приходи. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека додека граѓаните ги трујат со вакцини, a фармацевтските компании печалат од тоа. Додека вас ве трујат со вакцини тие печалат од тоа. Фајзер...

Continue reading

Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините

Post Views: 4 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив. Кога во пребарувачот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top