Ознака: гости

Холанѓаните и наредните три годиниостануваат најредовни гости во Охрид и Струга

Post Views: 1 Холандските гости и наредниве три години сигурни туристи на охридско – струшката ревиера. На новиот договор веќе е ставен потпис од страна на „Корендон“ Холандија, „Фибула Ер Травел“ и охридско струшкиот хотелски еснаф, како што информираше директорот на „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ. „Тоа се хотелите Метропол, Турист, Силекс, Десарет, Дипломат, Дрим. Београд, Изгрев и Макпетрол. Во овие специфични околности во кои што се наоѓа нашата држава и целиот регион овие договори имаат огромно значење, бидејќи во наредниов период во Охрид и Струга ќе доаѓаат нови 25 000...

Continue reading

Пристигнаа првите холандски гости

Post Views: 0   Со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, како и торта за добредојде, утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-лет на компанијата Корендон. Летово во Охрид, преку чартер-летовите на Корендон  и Аркефлај кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат над 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат над 150 авиони полни со холандски туристи. Грдаоначалникот Никола Бакрачески најавува...

Continue reading

Охрид полн со гости како на лето

Post Views: 7 Охрид за време на викендов полн со гости како на лето. Во градов веќе се чуствува присуството на странски, но и на домашни гости. Преполните летни тераси и посетеноста на културно историските споменици им дава за право на туристичките работници да кажат дека сезоната полека, но сигурно започнува. Сите интензивно се подготвуваат за првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни. Во хотелите Метропол и Белви засега исполнетоста е околу 80%. Најмногу има интерес...

Continue reading

Охридските ракометари на гости во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 0   Голманот на РК Охрид 2013, Колев денес не успеа да одбрани ниту еден удар од учениците од ОУ „Христо Узунов“. Локалните херои, охридските ракометари денес беа во посета на ова училиште. Директорот Тони Симоноски вели дека многу имиња од репрезентативци се потпишале на влезот од нивната спортска сала и нагласи дека нивна интенција во иднина ќе биде спортистите да бидат нивни почести гости дури да одржат тренинг на некој од часовите по физичка култура. „Ова за нас претставува сериозна работа од повеќе аспекти, пред се од воспитно образовен карактер, бидејќи многу значи...

Continue reading

Утре доаѓаат првите гости во хотел Даљан, а свлечиштето сеуште не е комплетно санирано

Post Views: 10   Сликата кај опасното свлечиште пред платото на хотел Даљан и Извидничкиот центар во Охрид, е малку променета со првичните активности кои ги презедоа стручните екипи од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Но по се изгледа тоа е недоволно имајќи го во предвид фактот дека првите гости веќе тропаат на врата. Како што веќе информиравме реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја нагризува асфалтираната површина создавјќи брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, и претстои опасност од лизгање на патот и сериозни проблеми по...

Continue reading

Лозано утревечер со настап во Охрид, влезница бараат и гости од регионот

Post Views: 1 Една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски – Лозано овој петок (утревечер) ќе одржи голем концерт во Охрид. По пауза од две години, Лозано повторно ќе пее во нашиот туристички бисер, а интересот за неговиот настап е веќе голем уште по објавување на првата информација. Лозано се нетрпение ја очекува дружбата со публика, бидејќи како што вели, настапите во Охрид се секогаш посебни. – Драго ми е што после пауза од две години повторно ќе пеам во еден нашите најубави градови во Македонија. Охрид секогаш ми буди само...

Continue reading

Vevcani

Од Хотам очекуваат голем број гости за Вевчанскиот карневал

Post Views: 1 Охридските и струшките хотелиери  оптимисти за посетеноста на нивните капацитети за Василица кога православните христијани ја празнуваат Нова Година. На охридското крајбрежје и во Вевчани  се очекуваат од 30 до 50.000 гости од регионов и пошироко, најавува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите во јануари  очекуваат гости и за верскиот празник Водици. „ Верските празници може добро да се направат маркетиншки и да привлечат поголем број на туристи. Очекуваме оваа година  една убава посетеност, но за следната година подготуваваме и специјален материјал од каде...

Continue reading

rucek so lebedi

Ручек со лебеди

Post Views: 9 Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја. Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот  менаџерски тим.„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости...

Continue reading

ohrid

Со ефтини аранжмани, до домашни гости

Post Views: 2 Со ефтини аранжмани Охрид ќе ги враќа домашните гости кои годиниве наназад се се помалубројни. Секторот за ТЛЕР заедно со кластерот за туризам  кои оваа година од 7ми до 9ти мај се домаќини на петтиот по ред саем за туризам, „Скопје травел“, во својот концепт имаат зацртано да го вратат Охрид како туристичка дестинација на мапата на домашните туристи. Тоа ќе се прави со една поагресивна кампања и со зајакнување на туристичката понуда во месеците кои се вон главната туристичка сезона. Охрид да не биде како што беше изминативе години дестинација која домашните гости ја...

Continue reading

ukrasi

Охрид полн со гости за Велигденските празници

Post Views: 0 Велигденските празници го наполнија Охрид. Тоа пред се се должи на четиридневното прославување на празникот. Присутни се гостите од соседството, но има и голем број домашни гости. А убавините на Охрид секогаш ги примамуват  гостите да го посетат ова културно историско место не само еднаш туку два и повеќе пати, како што кажаа гостите кои ги анкетиравме.   „Многу ми се допаѓа Охрид, веќе 11 години доаѓам во лето и за Велигден. Ќе останиме во Охрид до среда. Ни се допаѓа градот повеќе пати сме биел овде и ова место ни е омилено.Овде се заљубивме пред 6 години, и веќе 7-8...

Continue reading

охрид

Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона

Post Views: 2 Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со  плод. Речиси никој не склучил договор...

Continue reading

8ми март

Осмомартовскиот викенд ги наполни капацитетите во градов

Post Views: 3 Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде.  Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник. Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top