Tag: гаснење

Летово има помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор

Охридската Територијална против пожарна единица ова лето бележи значително помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор споредено со лани. Во јули охридските пожарникари кои делуваат и натериторија на општина дебрца имале 13 интервенции што според командирот на единицата Спасе Прентоски е многу мала бројка. Апелира граѓаните да не палат стрништа и слама во периодот на жетва. Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор...

Continue reading

Вежба на специјални авиони за гаснење пожари

Одржан тренинг на  специјализираните воздухоплови  за помош при гасење на шумски пожари.   Над Охридското езеро беа изведени  различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени  површини. Кондицијата на воздухопловите и пилотите се на високо ниво и сме подготвени да делуваме каде што треба, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.   Вежба на специјални авиони за гаснење пожари. Се тренираа различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини нешто што е многу тешко во авијацијата, а беа испробувани и други техники над Охридското Езеро. Тоа е дел од планот и...

Continue reading

Утре повторно протест на стружани за итно и целосно гаснење на запалената депонија

Од здружението „Доста“ велат дека со овој протест се бара брзо и ефикасно решавање на проблемот. Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, на ден 10.06.2017 со почеток во 11 часот ќе одржи протест со кој ќе продолжи притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение и дислокација на депонијата. Од здружението „Доста“ велат дека со овој протест се бара брзо и ефикасно решавање на проблемот.

Continue reading

Во стариот дел на Охрид постои мрежа со подземни и надземни хидранти за гаснење на пожар

Во стариот дел на Охрид постои мрежа со  подземни и надземни хидранти за гаснење на пожар. Мрежа од подземни и надземни хидранти има во повеќе делови во Стариот дел на градот. Околу 10 тина хидранти во старото градско јадро се многу важни при интервенции на противпожарните единици во случај на опожарување. Два подзмени хидранти има на охридскиот плоштад, хидранти има на Сараиште, два во близина на црквата Св.Софија, потоа на улиците Нада Филева, Илинденска, Климентска, кај Горна Порта, на малиот плоштад Крушевска Република, набројува Горан Маркоски заменик командир на охридската ТППЕ. „Ова се...

Continue reading

brod

Охрид има потреба од брод за гаснење на пожари на пловни објекти

Дали и колку противпожарната единица е подготвена за делување во случај на  пожар на пловен објект. Ова размислување кај надлежните стана поактуелно по лажната дојава во неделата дека гори брод во близина на хотелот Десарет. Командирот на против пожарната единица Спасе Прентоски  вели дека лажната пријавата за пожар на брод на некој начин била вежба за тимовите не само на противпожарната единица, туку на сите структури.  Прентоски објаснува дека  најверојатно брановите кои се познати како мртви бранови или подвалица, го направиле бродот нестаблен, а дополнителен проблем било тоа што некој уклучил...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad