Ознака: водата

Охриѓани може да здивнат, ново зголемување на цената на водата не би требало да има, доколку тоа се случи, истото би било минимално

Post Views: 3 За да се воспостави ефикасен систем на определување на цените на водните услуги, Регулаторната комисија за енергетика, како прво регулаторно тело со најголемо искуство во Република Македонија, од неодамна ќе ги утврдуваа тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води, и кај малите населени места. Во нашата општина тоаа функционира веќе извесен период. Владимир Алексијоски, првиот човек на МЈП „Проаква“ вели дека ова е подобар начин за креирање на цената на водата, а охриѓани може да...

Continue reading

monitoring prespansko

Отворена мониторинг станица за следење на квалитетот на водата во охридско-преспанскиот слив

Post Views: 6 Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата. „Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и на преспанската...

Continue reading

Водата од „Билјанини извори“ неисправна за пиење

Post Views: 10 Денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори, спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење. Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини извори и навремено ќе ја известува јавноста.

Continue reading

imot

Препораки за заштита на населението од поплавените региони

Post Views: 1 Препораките се однесуваат на заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење. -Да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. -За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија. – Резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути. -Водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице. -Заматената вода да не се користи...

Continue reading

Забрана за користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј

Post Views: 8 Агенцијата за храна и ветеринарство на Р. Македонија, донесе решение со кои се забранува користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј, соопштија од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Водовод – Проаква“. Од агенцијата велат дека забраната ќе трае се додека од страна на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, кое стопанисува со овој водовод од јануари 2019 година, не се пристапи кон обезбедување исправна вода за пиење за што јавноста ќе биде повторно информирана, велат од МЈП Проаква.

Continue reading

Drim

Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите

Post Views: 9 Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода. „Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога значи...

Continue reading

Општината со мерки за подобрување на водата од цевководот на ЕМО

Post Views: 0 Поради последните три последователни негативни резултати добиени од анализата за исправност на водата кои се однесуваат за стариот цевковод од ЕМО Охрид, а со цел за заштита на здравјето на граѓаните од руралните подрачја на овој дел од општината, Локалната самоуправа на Општина Охрид даде налог на  МЈП Проаква Струга  РЕ Водовод Охрид да се превземат мерки за подобрување на квалитетот во водоснабдувањето во подрачјето каде што поминува овој цевковод . Мерките предвидуваат целосно прочистување преку хиперхлорирање, дезинфекција и санација на цевководот кое ќе се извршува...

Continue reading

Итно мора да се решава проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи

Post Views: 7 Решавањето на проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи, беше тема на средбата на стручните служби од локалната самоуправа со претставниците на месните заедници од коселското подрачје. На средбата на која, покрај од Локалната самоуправа,присуствуваа и претставници  Центарот за јавно здравје, МЈП „Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ и Дирекцијата за храна и ветеринарство, беше речено дека проблемот мора итно да се реши бидејќи испитувањата на водата од селските водоводи покажуваат дека таа не е исправна за употреба.Заеднички беше договорено во наредниве денови месните...

Continue reading

ЕЛЕМ: Нивото на водата во Охридското Езеро е под контрола

Post Views: 0 Нивото на Охридското Езеро и реките кои се вливаат во него се следи и се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски услови, кажа Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски Тој денеска оствари средба со раководните структури на АД ЕЛЕМ. „Нашата поголема будност се однесува на реките и каналите што се влеваат во Охридското Езеро. За жал, ние немавме тендер минатата година, и не беа исчистени каналите онака како што треба, но ние цело време ја следиме состојбата, среќа што досега немавме поголеми поплави беа преземени мали зафати на Коселска река,...

Continue reading

Водата во селските водоводи во охридско небезбедна за пиење

Post Views: 0 При повторената контрола и анализа на квалитетот на водата за пиење од селските водоводи во општина Охрид извршена на 14 и 15.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување сеуште е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност. Првичните микробиолошки анализи на овие води покажаа и присуство на патогени бактерии.  Според тоа и согласно законските прописи, водата за пиење од системот за водоснабдување во горенаведените...

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот да ја повлече одлуката за поскапување на водата

Post Views: 1 Ние, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесеме информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок. Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика, праша Пецаков. – Ова ли е ветувањето на СДС...

Continue reading

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 4 Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање. „При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top