Tag: водата

bromolog

Водата во Охрид, добра

Квалитетот на водата во градските чешми и изворот „Студенчишта“ е добар, покажуваат последните анализи од примероците земени од страна на Центарот за јавно здравје. Задоволителен квалитетот на водата од јавните чешми и изворот „Студенчишта.“ Резултатите од последната направена физичко-хемиска и микробилошка анализа од претходната недела, спроведени од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, покажуваат вода со добар квалитет, вели Сашо Точко од ЦЈЗ. „Значи од јануари месец од почетокот на оваа година имавме земени 7 примероци на вода од кои сите беа со добар квалитет, без никаква бактерија...

Continue reading

krshtevanje

Бог се јави!

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир...

Continue reading

kamp Eleshec

Разочарувачки 4-та и 5-та категорија

По туристичката сезона се објавуваат фрапантни резултати за квалитетот на водата во охридското езеро. Имено, водата во дел од автокамповите долж охридското крајбрежје е од 4-та и 5-та категорија. Застрашувачки резултати од испитувањето на езерската вода. Според анализите на Центарот за јавно здравје, водата, во добар дел од автокамповите на охридското крајбрежје, континуирано со квалитет од 4-та и 5-та категорија. Пред резултатите од ваквите анализи не треба да се молчи, туку треба да се изнајде начин под итно да се делува, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој...

Continue reading

kanalizacija

Комунален проблем стар десет години

Жителите од улицата „Јабланица“ мака мачат со атмосферските и канализационите води кои се собираат пред нивните домови. Неодамна до нашата редакција пристигна допис од граѓани кои живеат на оваа улица, во кој тие реагираат во врска со отворена јама, од која истекува атмосферска и канализациона вода, која се собира во каналот пред нивните дворови. Тие се жалат дека во летниот период смрдеата која доаѓа од водата е неподнослива, додека за време на зимата се соочуваат со поплави. Поради лошото искуство со поплавите, некои од жителите се дури приморани да ги заштитат своите ќуќи со изградба на дополнителни...

Continue reading

Состанок за квалитет на водата

Работна средба на претставници од МЈП „Проаква“, Хидробиолошкиот завод, Заводот за здравстевна заштита и Локалната самоуправа. Дискутираа за проблемите кои неколку години наназад се провлекуваат со квалитетот на водата во Билјанините извори, како и во изворите кај манастирскиот комплекс „Св. Наум“. „Презентирани се сите резултати кои досега сме ги направиле…. констатирано е дека постои загадување во одредени периоди од годината. Заклучокот е дека ескспертски тимови на сите овие институции во многу скоро време ќе излезат на лице место, со цел да ги откријат сите загадувачи“ вели Сашо Точков,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top