Во Охрид сеуште се гради бесправно и тоа на големо

Во централното градско подрачје се прекршува одлуката за забрана за вршење на градежни работи.

 

Охриѓани реагираат дека дел од закупците на плажите не ги почитуваат во целост одредбите од договори

Гостите на охридското крајбрежје реагираат дека иако не е дозволено, на плажите се подигнуваат цврсти градби. Од Министерството за транспорт и врски, под чија надлежност е крајбрежјето, велат дека општинскиот инспектора е должен да врши контрола врз начинот на кој плажите се уредени. Од инспекторатот останаа недостапни за коментар.