Tag: бездомни

Труењето на бездомни кучиња во строгиот центар на Охрид ја бранува јавноста

По вчерашниот немил настан чиј епилог е едно угинато куче од трите затруени со високо токсичен отров, денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ повикаа на брза реакција на надлежните за пронаоѓање на сторителите но побараа и одговорност од локалната самоуправа за справување со проблемот со бездомни кучиња. Градоначалникот Георгиески, пак преку социјалните мрежи порача дека процесот на создавање услови за решавање на проблемот е во завршна фаза. Тој истовремено изрази сомнеж дека позади вчерашното труење стои некој кој со нехумани и валкани постапки, сака да го наруши неговиот и угледот на Охрид. Епилогот...

Continue reading

Стационарот за бездомни кучиња ќе профункционира кога ќе престане мораториумот за градба

Стационарот за бездомни кучиња за да профункционира потребно е да стапи на сила  Планот за управување со  културното и природното наследство во Охридскиот регион со што ќе престане мораториумот. Тогаш ќе бидат завршени сите административни процедури и потребната документација, уверуваат надлежните.  Започнувањето со работа на  стационарот  за згрижување на  бездомни кучиња  тапка во место заради административни  процедури. Проблем е изработката на локална  урбанистичката документација,  која  е стопирана поради воведениот мораториум  за издавање дозволи за градба. Според диркеторот на ЈП „Охридски...

Continue reading

Општините од југозападниот регион ќе градат на три локации шелтер центри за бездомни кучиња

Една од локациите е на Мауцкер каде што ќе бидат згрижени бездомни кучиња од општина Охрид , Струга , Дебрца и Вевчани. Функционирањето на шелтер центрите е скапа инвестиција па затоа општините на овој начин ќе ги намалат трошоците со финансиска поддршка  од Европската унија, а имплементиран од УНДП.  Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид,...

Continue reading

Што значи хуман третман на бездомни кучиња

Две илјади денари чини вакцинација, кастрација и чистење од паразити на едно бездомно куче. Законот за благосостојба на животните укажува дека секоја општина треба да има градско прифатилиште за кучиња. Но за жал во нашиот регион сеуште нема ниту едно прифатилиште.   Што значи висок степен на хуман третман на кучиња скитници. На оваа проблематика работеа претставници од Југозападниот плански регион во соработка со невладиниот сектор. Тие направија истражување и веќе посочуваат кои мерки треба да се преземат за надминување на проблемот. Проектниот координатор од ЈПР Арбреша Влаши вели доколку...

Continue reading

animalia

Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни

Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.  Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.  Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото. „Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат...

Continue reading

kuce skitnik

Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Здруженијата за заштита на животни од Охрид и Струга со жалење за случајот со човек нападнат од кучиња. Одговорноста ја бараат кај надлежните кои години наназад не го решиле проблемот со кучињата скитници. Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и...

Continue reading

kucinja

Охрид сардисан од кучиња скитници

Граѓаните бараат надлежните што поскоро да го решат проблемот со кучињата скитници. ЈП „Комуналец“ не може само да се справи со кучињата па затоа на помош ја повика   организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“. Кучињата скитници повторно го окупираат градов.  Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани  преплашиле,...

Continue reading

animalia

НВО „Анималиа“ ќе прави зимски куќарки за привремено сместување на бездомни животни

Невладината организација за заштита и вдомување на животни, Анималиа со акција за изградба на привремени живеалишта за бездомни животни. Активистите велат дека главната цел на акцијата е подигнување на јавната свест за овој проблем како и потребата од изградба на прифатилиште за бездомни животни. Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина...

Continue reading

Ohrid

Има ли бездомници во Oхрид и како преживуваат на студот?

Статистички бројот е мал, меѓутоа далеку од безначаен. Оваа тема станува особено актуелна во последниве недела дена пред се поради ниските температури. Од Центарот за социјални работи од Охрид велат дека постојано се работи на откривање на евентуалните нови случаи на бездомници и нивно успешно решавање. Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad