Ознака: Барак

Првата порака на Путин на Твитер

Post Views: 2 На социјалната мрежа Твитер неодамна е овозможено прегледување на првите пораки на сите корисници. Еве на кого му ја посветил својата прва порака претседателот Путин. Не требаше многу некој да се сети да го прегледа профилот на рускиот претседател Владимир Путин чиј прв твит објавен на неговиот службен профил на англиски јазик, денес делува многу иронично. Владимир Путин својот прв твит го упатил ни малку ни повеќе туку на американскиот претседател Барак Обама. “Му честитам на избраниот претседател на САД, Барак Обама”, стои на првиот твит од претседателот Путин кој...

Continue reading

Обама должи два сандаци пиво

Post Views: 1 Не криејќи го задоволството, си ги побарал своите два сандаци пиво од американскиот претседател Барак Обама, по победата на Канада над САД во хокеј на мраз. Канадскиот премиер Стефан Харпер напишал на Твитер – “Ги чекам своите сандаци пиво”, обраќајќи му се на американскиот претседател Барак Обама. Имено двајцата челници се обложиле по два сандаци пиво за натпреварите помеѓу женскиот и машкиот натпревар помеѓу Канада и САД. Исто како и во 2010, Обама и Харпер се обложиле во победа на своите репрезентации, а Канада ги доби двата натпревари во Сочи, исто како и на минатите...

Continue reading

logo

Колкава е платата на американскиот претседател Барак Обама?

Post Views: 3 Дали некогаш сте се запрашале колку долари се слеваат годишно на сметката на американскиот претседател Барак Обама? Според Celebritynetworth првиот црномурест претседател на Америка има годишна плата од 400.000 долари. Но, кога на таа, и онака голема сума, ќе се додадат бонусите и сметките за патувања, тогаш Обама годишно заработува и над половина милион долари.  Верувале или не, Обама годишно добива 20.000 долари бонус за забава и релаксирање. Сепак, има тешка и одговорна професија. Па, така, кога ќе се соберат парите од сите бенефиции кои ги ужива Обама, годишната...

Continue reading

Barak Obama

Ќе признае ли Обама дека не посетиле вонземјани?

Post Views: 7 Во Белата куќа се врати Џон Подеста, шефот на персоналот за време на вториот мандат на Бил Клинтон, кој, сепак, во вториот мандат на актуелниот американски претседател Барак Обама нема да се занимава со секс-скандали, туку можеби со вонземјани. Според американските медиуми Подеста можеби ќе работи на подготовка на објавувањето на информациите што Владата на САД ги има за вонземски живот, за што овој вашингтонски инсајдер неколку пати има зборувано во јавноста. Уште во 2002 година Подеста спомена дека треба да се објават одредени информации за таканаречената Област 51,...

Continue reading

brod

Сириското хемиско оружје, ке се уништува на американски брод во Средоземно Море

Post Views: 9 Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама предлага сириското хемиско оружје да се уништи во меѓународни води на американски брод. Планот, кој треба да биде одобрен предвидува оружјето да биде уништено на бродот „Кејп Реј“ во Средоземно Море, додека во близина патролираат бродови на американската воена морнарица. Планот за уништување на сириското хемиско оружје разработен е од Пентагон и се претпоставува дека на тој начин ќе бидат избегнати дипломатски и еколошки проблеми, како и безбедносните опасности ако уништувањето биде на територијата на некоја земја.Претходно,...

Continue reading

kapitol Hil

САД избегнаа банкрот во последен момент

Post Views: 4   Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија договорот со кој заврши делумната блокада на владата, и со тоа ја оттргна земјата од работ на историски банкрот кој се закануваше со глобална финансиска катастрофа. Претседателот Барак Обама го потпиша законот, со кој привремено се поправаат, фундаменталните разлики околу буџетот меѓу репбликанците и демократите. Со договорот, кој најпрвин беше изгласан од Сенатот контролиран од демократите на Барак Обама, а потоа и од Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците, се деблокира работата на владата до 15 јануари....

Continue reading

guantanamo

Затворот Гвантанамо конечно под клуч?

Post Views: 3 Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД. Изјавата на Обама доаѓа по бројните вести за штрајк со глад на затворениците, како и мерките на присилно хранење што се вршат над нив од страна на затворските служби. -Затворот е штетен на меѓународен план, ја загрозува соработката со нашите сојузници во борбата против тероризмот и служи единствено како оружје за регрутација на екстремистите изјавил Обама. Во затворот со глад штрајкуваат 166 затвореници,...

Continue reading

Caroline Kennedy

Кенедиеви остануваат во политиката

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама побара од ќерката на Џон Фицџералд Кенеди, некогашниот претседател кој беше убиен во Тексас во 1963 година, да ја преземе важната функција, амбасадор на САД во Јапонија. Керолајн Кенеди (56), активно го поддржуваше Обама на изборите во 2008 и 2012 година, но потоа се повлече од политичкиот живот.Таа размислувала и да се кандидира за сенаторско место во државата Њујорк, кога Хилари Клинтон стана државен секретар во 2009 година. Сепак, се откажа од кандидатурата наведувајќи дека се повлекува од лични причини. Еден извор во Демократската...

Continue reading

obama vs romney

Обама vs Ромни, по втор пат

Post Views: 5 Барак Обама и Мит Ромни вчера во Њујорк по втор пат се соочија во агресивна и овој пат многу поизедначена дебата.Во дебатата во која прашањата ги поставуваа политички неопределени граѓани на Њујорк, најмногу контроверзи во  предизвика прашањето за нападот на конзулатот во Либија, во кој беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци.  Ромни го обвини Обама дека по нападот заминал да собира изборни донации во Лас Вегас, но интересно беше што Обама рече дека крајната одговорност за тоа што се случи во Либија не е кај државниот секретар Хилари...

Continue reading

Barak Obama

И Обама мета на Брејвик

Post Views: 3 Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Според весникот, Брејвик сакал да го убие Обама за време на неговата посета во Осло за врачување на Нобеловата награда за мир во декември 2009 година. Тој прво планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и решил да влезе во зградата на градоначалникот на Осло преправен како полицаец. Поради засилените мерки на безбедност не успеа да реализира ништо од тоа. Брејвик на 22 јули минатата година во центарот на Осло активирал автомобил-бомба,...

Continue reading

Irak

Крај на војната во Ирак

Post Views: 7 Американскиот претседател Барак Обама вчера во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики пред конечното повлекување на американската војска од Ирак, кое треба да заврши до крајот на годинава. На заедничката прес-конференција по средбата Обама истакна дека САД и Ирак се на пат „да свртат страница и да започнат ново поглавје“ во меѓусебните односи. – Тоа е историски момент. По околу девет години војната завршува, нов ден е пред нас и немојте никогаш да ги заборавите оние кои се заслужни за да ја имаме оваа можност, додаде американскиот претседател.НАТО...

Continue reading

foks news

“Фокс њуз“ објави дека Барак Обама е убиен

Post Views: 5 Станува збор за групата “Скрипт кидис“ која на овој начин се вклучи на глобалната хакерска акција “Антисек“ која трае околу еден месец и чија цел е борба против корупцијата во светските влади и корпорации. До сега хакерската група нападнала различни интернет страници и објавувала лични податоци на корисниците, ги поддржувала протестите во Грција, а за нивен најголем успех се смета објавувањето на лични податоци на полицијата од Аризона. На интернет, вчера се рашири и уште една интересна информација – хакерите пронашле безбедносен пропуст во софтверот на “Ејпл“ па пристапиле...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top