Tag: бактеријата

Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокок

Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокока. Од земенитe брисеви само 9 до 10 посто од децата имaaт позитивен наод на бактеријата. Во сите објекти каде што се згрижуваат децата е направена дезинфекција и дератизација, потврдуваат од градинката и од Центарот за јавно здравје. Нема место за аларм со бактеријата стрептокока во детската градинка Лихнида и во другите објекти каде што се згрижени децата, информира Мери Рилкова, директор на детската градинка Јасна Ристеска. Директорката сподели податоци за состојбата со бактеријата во објектот Лихнида и во другите...

Continue reading

biljanini izvori

Во водата во Билјанини извори пак присутна бактеријата ешерихија коли

Во водата во Билјанини извори пак повторно присутна бактеријата ешерихија коли. Водата од Билјанини извори и понатака не е за пиење. Секој понеделник службите од Центарот за јавно здравје земаат  мостри за испитување на водата од Билјанини извори. Резулататите од 11 јануари покажaле дека во водата повторно е присутна бактеријата  ешерихија коли или како што информираат од центарот за јавно здрвје има присуство на свежо загадување од фекалии. За континуираното присуство на патогени бактерии во водата на Билјанини извори од Центарот за јавно здравје испратиле информации до Институтот за јавно...

Continue reading

bakteria

Мерки за спречување на Туларемија

Сопствениците на зајаци, глувци и други глодари да пријават сомнеж за туларемија кај надлежниот ветеринар. Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните  кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест...

Continue reading

Бактеријата E.coli како извор на енергија

Научници тврдат дека се чекор поблиску за масовна употреба на овој обновлив извор на енергија Научниците тврдат дека развиле метода за производство на гасот пропан со користење на шеќер и бактеријата E.coli. Истакнуваат дека  оваа метода и систем може да се примени во комерцијална употреба, со што би се решило прашањето со обновливи извори на енергија. Иако процесот е сеуште далеку од комерцијална употреба, неговите изумители се надеваат дека еден ден ова би можело да претставува неограничен извор на чисто гориво, кое без потешкотии би можело да се воведе и да се користи во постоечките технологии. Пропанот...

Continue reading

listerija

Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ

Едно лице од Охрид заразено од бактеријата листерија. Од Центарот за јавно здравје велат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново,  ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот.  Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување. Во Охрид засега е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, велат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за повозрасна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена...

Continue reading

listerija

Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија

Појавата на смртоносната бактерија листерија ги испаничи граѓаните.  Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека редовно го контролираат квалитетот на храната.  Агенцијата за храна пак, почнува со вонредни контроли во сите поголеми производствени погони за храна и магацини за чување и дистрибуција на храна, од каде ќе се земат примероци за анализа поради појавата на оваа бактерија. Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано,...

Continue reading

Најдобри природни антибиотици

Природата е навистина чудотворна Ве запознаваме со најдобрите природни антибиотици. Маслото од оригано се нарекува крал на природните антибиотици а е прогласено за најлековито природно средство во борба против многу болести. Повеќе истражувања покажале дека маслото од оригано убива дури 96% од бактеријата пенумокок, 92% стафилокок, исто така елиминира 83% стрептокок и 78% ентерокок во организмот. Екстрактот од лист на маслинка како и многу други антибиотици е одличен избор кога не е познат точниот вид на бактеријата со која имате проблем, затоа што неговото дејство е со широк спектар, што покажало...

Continue reading

zelencuk

Краставици, домати, салата можат слободно да се јадат

Здравствените власти во Германија сметаат дека причина за епидемијата со бактеријата ЕХЕК се никулците. Свежите домати, краставиците и салатата слободно може да се консумираат, објавија денеска властите во Германија. Здравствените власти во Германија сметаат дека причина за епидемијата со бактеријата ЕХЕК се никулците. Свежите домати, краставиците и салатата слободно може да се консумираат, објавија денеска властите во Германија. Причинителот на епидемијата со бактеријата ЕХЕК е пронајден: никулците за кои веќе постоеше сомневање, со голема веројатност се виновни за досега 29-те жртви и големиот...

Continue reading

mienje zelencuk

Убаво мијте ги зеленчукот и овошјето

Од Дирекцијата за безбедност на храна смируваат дека зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден. Од Нова година до сега во Македонија нема влезено ниту една пратка краставици или друг свеж зеленчук од Шпанија, тврди директорот на Дирекцијата за безбедност на храна Дејан Рунтевски. Инспекторите од Дирекцијата вчера извршиле контрола на сите гранични премини и терминали, дали во земјава влегле камиони со зеленчук од Шпанија.“Зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден. Поради масовното ширење на бактеријата предизвикана од шпанските краставици низ европските земји, ние ќе воведеме...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top