Ознака: активности

Поради градежни активности прекин во сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево

Post Views: 0 Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути. Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни активности на овој патен правец.

Continue reading

Nedzet Mustafa

Министер преку владин меил најавува партиски активности

Post Views: 11 Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска преку службената електронска адреса најави активности на својата партија. Мустафа преку дописот, во кој стои логото на Владата на Република Македонија, ги информира медиумите дека во својство на претседател на Обединетата партија за еманципација денеска попладне ќе одржи работен состанок. Состанокот, на кој што ќе се дискутира за можните кандидати на советничките листи за престојните локални избори, е закажан за во 15 часот во Клубот на пратениците. Вообичаена практика е за партиски активности на носител на државна функција,...

Continue reading

mahatma gandi

Меѓународен ден на неансилството

Post Views: 7 Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, кој се празнува на денот на раѓањето ма најпознатиот миротворец во светот, Махатма Ганди. Ганди бил првиот човек во историјата коуј се залагал да се прошири принципот на не-насилство од страна на поединецот спрема општествени и политички нивоа. Индискиот лидер за независност употребувајќи нов начин за масовна мобилизација и ненасилна акција, го собори колонијализмот и ги зацврсти корените на граѓанските, политичките и економските права. Со ова инспирираше и многу други борци за слобода како Нелсон Мандела и Мартин...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“ И ВО ЕЛШАНИ

Post Views: 1 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани. Деновиве се одвиваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото корито на реката Сушица. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон...

Continue reading

Krivolak vezba

НАТО тим ќе ги оценува воените активностите во Криволак

Post Views: 4 Во рамки на вежбовните активности на „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, утринава во селото Криволак, ќе се изведе вежба на која ќе биде прикажано  практично справување со уфрлени терористички групи во урбана средина. Како што соопшти прес – службата на армиската вежба, активностите на пазарот во сeло Криволак ќе ги изведуваат припадниците на декларираниот среден пешадиски баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (мпбр.) и четата на Воената полиција. Согласно сценариото за решавање на „инцидентот“, учесниците на вежбата ќе треба да спречат недозволени...

Continue reading

ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Post Views: 1 Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Согласно проектот, во текот на изминатиот период на оваа улица беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и осветлување.

Continue reading

Подобрување на условите во центарот за Европски елен во НП Галичица

Post Views: 1 Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица. Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште. „Главната цел на овој проект е да...

Continue reading

like

15 години затвор за Like на Фејсбук

Post Views: 6 Тајландскиот министер за информации ги предупреди луѓето кои кликаат „Like“ на фејсбук или пак „share“ на страници кои се сметаат навредливи за кралот и за кралското семејство ќе бидат обвинети за прекршување на основните закони на земјата и казната ќе биде до 15 години затвор. Тој ги советуваше луѓето да кликнат „Unlike“ на тие страници и да ги отстранат сите коментари бидејќи ризикуваат, објави „Бангкок пост“. Тајланд е познат по строгото спроведување на своите закони за заштита на достоинството на кралот и кралското семејство, без разлика од која националност е сторителот. Во...

Continue reading

eta

ЕТА прогласи крај на четиридецениските насилства

Post Views: 3 Баскиската сепаратистичка група ЕТА прогласила крај на вооружените активности долги 40 години, а ваквата реакција од официјален Мадрид е оценета како победа на демократијата. Тројца припадници на ЕТА, со црни маици, бели маски на лицата и црни беретки, направиле драматично видео обраќање за завршетокот на смртоносната кампања за независна баскиска татковина. „ЕТА се одлучи на дефинитивно запирање на своите вооружени активности“, навела групата во пишано соопштение проследено со видео приказ на Интернет страната на баскискиот весник “Гар“ кој бил нивен портпарол. Шпанскиот...

Continue reading

Во селото Горенци се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација

Post Views: 2 Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека изведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе има слух и за проектите што не се ветени, каков што претставува изградбата на Фекалната канализација во с.Горенци,...

Continue reading

maya prophecy

Франција: Ризик од масовни самоубиства на 21 декември 2012 година

Post Views: 0 Во соопштение на специјалните служби, француската влада предупредила дека во земјата е присутен ризик од масовни самоубиства на луѓе кои веруваат дека на 21 декември наредната година навистина ќе се случи крај на светот. Неодамнешната катастрофа вклучувајќи го земјотресот во Јапонија како и вознемиреноста заради епидемии и економската криза, предизвикуваат глобална атмосфера на страв, при што некои во тоа гледаат најава за судниот ден. Верувањето во пророштвото на Маите по кое времето на светот истекува наредната година изгледа дека најмногу е прифатено во Франција,...

Continue reading

Теренски активности на кандидтите за пратеници од СДСМ во ИЕ 5

Post Views: 5 Носителот на кандитатската листа од СДСМ во ИЕ 5, Радмила Шеќеринска со струшкиот колега Јован Митрески остварија посета на градежните активности на базенот во Струга. Руинираната зграда на некогашниот базен во Струга целосно се реконструира и ќе биде готова во 2021 година. Овој олимписки базен првпат бил изграден во 1972 година, а околу 15-тина години е затворен за пливачи. Надлежните, секој во своето време, не нашле решение за негова возобнова, конечно владата на СДСМ ќе го рестартира и ќе ги врати децата назад во вода и во зима, кажа Шеќериска при работната посета.Охридските...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top