Ознака: аеродром

avion

Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Post Views: 11 Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија. Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг. Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром. Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Откажани се два лета од Истанбул.

Continue reading

avion

Магла на скопскиот аеродром

Post Views: 0 Маглата утрово пак го прекина редовното одвивање на авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Според податоците од интернет страницата на „ТАВ“ утрово не полетале авионите за Белград, Виена и Загреб. Полетувањето за Лубек е пренсочено од Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а полетувањето за Ајндховен е пренасочено на аеродромот во Приштина. Неизвесно е и полетувањето на авионите за Истанбул и Цирих. На скопскиот аеродром утрово не слетале авионите од Виена, Барселона, Белград и Лондон. Слабата видливост во Скопје предизвика и вчера попладне...

Continue reading

tav

Охридскиот аеродром – втор најбрзорастечки во Европа во првиот квартал

Post Views: 2 Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe , во чиј последен извештај „Св.Апостол Павле“ во првиот квартал од 2016 година бележи пораст од 173,9% на бројот на патници и е втор најбрзорастечки аеродром во групата аеродроми под 5 милиони патници годишно.  Охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ е втор најбрзорастечки аеродром во Европа во првите три месеци годинава во категоријата под пет милиони патници годишно. Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe (Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот...

Continue reading

Ќе се воведе автобуска линија за патници од Елбасан до охридскиот аеродром

Post Views: 1 ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија. Дополнително од промоцијата на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија денеска на туристичките агенции во регионот на Елбасан, им ја нагласи важноста од воспоставување на редовна автобуска линија од Елбасан до аеродромот во Охрид, бидејќи воведувањето на ваква редовна автобуска...

Continue reading

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во најдобрите три во Европа

Post Views: 7 Аеродромот во Охрид е рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми со под пет милиони патници годишно.Според Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9 отсто пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата аеродроми со помалку од пет милиони патници годишно, поголем раст бележат само италијанскиот аеродром во Таранто и грузискиот...

Continue reading

skopski aerodrom

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во источна Европа

Post Views: 0 Аеродромот „Александар Велики” во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија”, обезбеди место меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на Светските аеродромски награди што неодамна се одржаа во Париз. Глобалниот собир, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс”, ги прогласи најдобрите аеродроми на светско ниво, но и во засебни региони. Наградите „Скајтракс” беа доделени на 21-тиот саем за аеродромски услуги – Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз. Скопскиот аеродром...

Continue reading

aerodrom

ТАВ Македонија: во април директна авионска линија Скопје – Женева

Post Views: 10 Скопскиот аеродром „Александар Велики”, опериран од ,,ТАВ Македонија”, се подготвува за експанзија на својата мрежа на дестинации со летовите на авиокомпанијата SWISS кон Женева. „Александар Велики” ќе биде поврзан со Женева во Швајцарија со директни летови во двете насоки од април 2015 година. Покрај Цирих и Базел, Женева ќе биде третата дестинација во оваа европска земја со која скопскиот аеродром има воздушна врска. -Ја поздравуваме одлуката на Swiss Airlines од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите ценети патници,...

Continue reading

ТАВ МАкедонија го реализира првиот лет од Малме до охридскиот аеродром

Post Views: 3 Со традиционална свеченост, ТАВ Македонија ги пречека 118-те патници што пристигнаа од Малме, шестиот најголем град во Скандинавија, на охридскиот аеродром, денеска, 18-ти март, во 11:25 часот, со Ербас A 320 на Визер. Половина час подоцна, во 11:55 часот, воздухопловот полета од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид назад кон Малме со 60 патници. Утре, 19-ти март, во 17:25 часот, охридскиот аеродром ќе ги пречека првите патници кои ќе пристигнат со првиот лет на Визер од Милано, италијанскиот град познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Новите...

Continue reading

„Edelweiss“ ќе лета и од охридскиот аеродром

Post Views: 1 Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно. „Edelweiss“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, секоја сабота, а од јули до август и секој вторник. Линијата ќе ја опслужува со авион од типот Airbus А 320. На македонскиот пазар „Edelweiss“ веќе оперира од „Меѓународниот аеродром Скопје“ од каде лета до Цирих и обратно.

Continue reading

aerodorom ohrid

Државата ќе субвенционира нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Post Views: 3 Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Но, уште позначајно е тоа што ќе бараме да се воспостави директна линија од Охрид кон европска метропола, бидејќи сакаме и од Охрид да има редовни линии. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе видиме, но рамката е 5 милиони евра во наредните три години. Условите генерално...

Continue reading

JAna Ivanovska

Јана Ивановска е милионитиот патник на скопскиот аеродром

Post Views: 7 „ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда. Милионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија” и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул. Генералниот директор на „ТАВ Македонија”, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави: – „ТАВ Македонија” покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници...

Continue reading

admir suljic

Уапсен кралот на местенките?

Post Views: 5 Медиумите во Италија јавуваат дека на аеродром е уапсено лице кое било осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво. Лицето било уапсено веднаш штом пристигнало од Сингапур, при што осомничениот доброволно им се предал на властите. Се работи за словенечкиот државјанин Адмир Сулиќ кој бил следен од Интерпол, а е осомничен дека е поврзан со организацијата за местење натпревари со седиште во Сингапур. Од Интерпол се сомневаат дека тој бил поврзан со групата за местење натпревари која е предводена од бизнисменот Тан Сит Енг. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top