Tag: автомобили

Охриѓани засега не возат електрични возила, а многу малку возат и хибридни автомобили

Менталитетот на граѓаните се менува и се повеќе покажуваат интерес за купување  електрични автомобили. Овие еколошки возила  сеуште ги нема  во продажба во нашите  автосалони, но наскоро ќе бидат достапни и за Македонските возачи.   Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира...

Continue reading

Охрид го одбележа Денот без автомобили

 Општина Охрид  се вклучи во одбележување на „Европската недела на мобилност“. Денешниот ден беше прогласен  за  Ден без автомобили. Низ охридските улици основците и средношколците возеа велосипеди, а беа доделени и вредни награди за учесниците во велосипедското  дефиле.  Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност...

Continue reading

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – 21 СЕПТЕМВРИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Општина Охрид од 17-22 септември 2018год. се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, односно 21 септември – Ден без автомобили, кога традиционално  во тој период се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини ,кои годинава треба да бидат на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Општина Охрид од 17-22 септември 2018год. се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, односно 21 септември – Ден без автомобили, кога традиционално  во тој период се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини...

Continue reading

Одбележан Денот без автомобили во Охрид

Граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци денеска учествуваа во велосипедското дефиле што на охридските улици се возеше по повод 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2017. Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на...

Continue reading

На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош

На охридските улици  возачите на автомобили често да не дадат предност на возилата на брза помош. Лекарите од оваа служба  велат дека најчесто станува збор за помлади луѓе кои зборуваат на мобилен телефон. Тие при тоа не даваат првенство на минување на возилата на итна помош и покрај вклучените ротациони светла и сирената. Честа е појавата на охридските улици возачите на моторни возила да ги игнорираат вклучените ротациони светла и сирени на возилата за брза помош. Лекарите од итната медицинска помош посочуваат дека се соочуваат со непријатни попречувања во ургентната задача која имаат и покрај...

Continue reading

Претставен еден од најбезбедните автомобили во светот

Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво Се менуваат односите на пазарот, се менуваат сопственици на поедини марки, па така и Волво, но во едно не се менува оваа шведска компанија која е позната по безбедноста и која го задржува континуитетот. Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво. Во склад со тој план, Волво Карс објави дека новиот модел ХС60, кој премиерно беше претставен на саемот на автомобили во Женева, ќе биде опремен со три напредни функции со кои возачите ќе можат...

Continue reading

Охрид го одбележа Европскиот ден без автомобили

Охрид е мал по површина и затоа користењето на автомобили треба да се сведе на минимум. Оваа порака до сите граѓани ја упати градоначалникот Никола Бакрачески, денес, на одбележувањето на Европскиот ден без автомобили, кој годинава е под мотото „Паметна и одржлива мобилност, влог за Европа“   Секојдневните работни активности може да се реализираат без автомобил. Оваа порака денес ја испратија охридските велосипедисти до своите сограѓани и сите граѓани во Р. Македонија. Со цел зајакнување и подигање на свеста на граѓаните за здравјето, квалитетен живот и здрава животна средина, нашиот град го...

Continue reading

Утре ден без автомобили

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили. По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили. Општина Охрид која и годинава е дел од мрежата на европски градови...

Continue reading

Нов скандал: Германските производители ќе повлечат 630.000 автомобили во Европа

Оваа одлука доаѓа како резултат на истрагата со аферата на Volkswagen 630.000 автомобили на Audi, Porsche, Opel, Mercedes и Volkswagen ќе мора да се повлечат во Европа поради неправилност во нивото на испуштање штетни гасови, рекол за AFP извор во германската влада. Оваа одлука е резултат на истрагата на германските власти поради аферата на Volkswagen која изби во септември минатата година. Последните месеци се спроведувало испитување на штетни гасови на сите дизел модели во Германија и министерството за сообраќај резултатите јавно ќе ги објави. На спорните автомобили системот за прочистување...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top