Ознака: јавен

Контроли врз автобуси за јавен превоз

Post Views: 5 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија

Post Views: 9 Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај. Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај...

Continue reading

Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид објавува Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од градот Охрид. Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година. Секторот за Туризам и ЛЕР согласно Програмата за 2022 година има определено средства во износ од 300.000 денари. Подетални информации за повикот и потребната документација на следниот линк

Continue reading

Јавен повик за предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2

Post Views: 1 Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за Граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите...

Continue reading

Јавен повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги. Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2022 година, заклучно со 31.12.2022 година. Согласно програмата за социјална заштита во...

Continue reading

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ДЕФИНИРАЊЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Post Views: 0 Општина Охрид е дел од проектот „Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Распределбата на јавните финансии претставува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските...

Continue reading

маркица општина охрид

ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN

Post Views: 6 Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време. Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality...

Continue reading

Објавен последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2

Post Views: 2 Од денеска па се до 22 август претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните области ќе можат да аплицираат на овој јавен повик. Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува 9,6 милиони евра со можност во текот на повикот износот да се зголеми. Средства се обезбедени со поддршка од 75 посто од ЕУ фондовите и 25 посто национално кофинансирање, а вкупно прифатливи трошоци на инвестицијата нема да надминуваат повеќе од 65 проценти. Главна цел на оваа мерка, како што рече Бачовски, е поттикнување на вработувањата и зголемување...

Continue reading

СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД НА ЈАВЕН УВИД

Post Views: 5 Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој. Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат вистинските...

Continue reading

Локалната самоуправа од Охрид објави јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз

Post Views: 4 Станува збор за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници за: релација 1/2-Охрид-село Горно Лакочереј-Охрид – за период од пет години, сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз. При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку две возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, додека за докажување на вработени...

Continue reading

Препораки за патници кои користат јавен превоз

Post Views: 0 Министерството за здравство на својот фејсбук профил ги објави препораките за патниците кои користат јавен превоз. Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња) Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top