Ознака: цевките

cevki

За пет години во Охрид целосно ќе бидат заменети азбестните цевки

Post Views: 13 Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат  целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот...

Continue reading

jika

JICA: Колекторскиот систем е во незавидна состојба

Post Views: 1 Колекторскиот систем кој игра незаменлива улога во заштитата на Охридското езеро, моментално се наоѓа во незавидна состојба, зборуваат податоците прибрани од терен од страна на тимот на  Јапонската агенција за меѓународна соработка, ЏАЈКА. Во таа насока тие ги презентираа и техниките  кои може да се употребат за негово реновирање. „Денес сум многу почестен со присуството на овој семинар на кој ќе бидат презентирани резултатите од испитувањето. Уште поважно ќе биде предложено решение за проблемот со канализациониот систем и понатамошните активности подобрување нживотната...

Continue reading

kamion

Утрово се поплави патот од Св. Стефан до кардиолошки

Post Views: 9 Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица. Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки. Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа...

Continue reading

опстина

Кога врне крив е Петрески а кога грее сонце заслужни се ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 3 За ВМРО – ДПМНЕ Александар Петрески е крив затоа што вчера дождот интензивно,  паѓаше во Охрид во текот на целиот ден. Најверојатно тие се заслужни што денес грее сонце. Можеби премиерот Никола Груевски го пушти денешното сонце во Охрид?! – стои во реакцијата од Локалната самоуправа на денешниот прес на Дејан Паноски. “Колку за потсетување, колекторскиот систем е една од најголемите инвестиции направени воопшто во Охрид. Изгаден е со средства на граѓаните , а во неколку наврати , за негова ревитализација и доизградба пари донираа владите на неколку европски држави....

Continue reading

dupka

Пропустите во проектот излегоа на виделина, обвинува Петрески

Post Views: 3 На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз.  Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска  канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.   „ Криминалот е што работата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top