Охридски мали зелени банани
Post Views: 44
Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани...