Ознака: христијан

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација

Post Views: 3 Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот...

Continue reading

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 6 Христијан Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од 492 присутни за него гласаа 489 делегати, а три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017-та година на Валандовскиот конгрес и го наследи Никола Груевски. Благодарам на сите што ми дадоа поддршка на овој Конгрес. Благодарам за секоја дланка која ја стегнав овој ден – Вака го почна своето обраќање старо новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по официјализирањето на резултатите од гласањето...

Continue reading

hristijan zafirovski

Христијан Зафировски од Охрид оди на натпреварот МЕП во Унгарија

Post Views: 1 Охридскиот средношколец Христијан Зафировски заедно со уште четворица други средношколци од Скопје и Струмица, се тимот на 5 делегати од Македонија кои ќе ја претставуваат Македонија на на Европската симулација на натпреварот Модел Европски Парламент во Унгарија. За да се биде дел од ова искуство, за дебатирање и јавен говор, еден ученик треба да помине низ неколку квалификации. Најпрво, се поминува низ школски натпревар одржан од страна на менторот кој е задолжен за овој проект во училиштето.Најдобрите тројца добиваат шанса да бидат дел од националната сесија која брои...

Continue reading

Христијан Петрески и Јорде Цаноски најсреќни во Лакочереј и Пештани

Post Views: 6 Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј. Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст. Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани. Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот на езерото....

Continue reading

ucenici

(ОБНОВЕНО) Христијан Вичороски од ОУ „Дебрца“ трет на регионалниот натпревар по математика-физика

Post Views: 6 Викендов се одржа регионалниот нaтпревар по математика и физика организиран од колеџот „Кемал Јахја„ во Струга. Инаку на овој регионален натпревар  за југозападна Македонија ( Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен, Кичево, Пласница и Демирхисар) ,кој по петти пат се одржува во „Јахја кемал“ колеџот, учествуваа преку 200 осмооделенци од основните училишта од овие градови , Ученикот Христијан Вичороски,  од ОУ „Дебрца“ : од село Мешеишта го освои третото место. Негов ментор беше професорот  Наум Јованоски Христијан покрај скромната парична...

Continue reading

Osnoven sud Ohrid

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Post Views: 17 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата...

Continue reading

основен суд

Шапкар не се појави на главниот претрес

Post Views: 3 Во Охридскиот Основен Суд, денес беше одложен  главниот претрес против Христијан Шапкар, кој се терети за предизвикување на глесерска несреќа. Неприсуството на обвинетиот Шапкар беше причина тоа да се одложи. Отсуство го оправда бранителот на обвинетиот, Емил Балабан, пред главниот судија Милчо Клишески и останатите присутни, со потврда од Приватна Здравствена Организација на општа медицина. Според медицинската потврда  Шапкар поради здравствени причини, јака лумбална болка не бил во состојба да присуствува на денешниот главен претрес. На денешниот судски претрес не...

Continue reading

канал

Заврши притворот за Христијан Шапкар

Post Views: 0 Обвинителството, сеуште не ја има дозавршено постапката и нема конкретен епилог за случајот. Дали Шапкар ќе се терети и за што, останува да видиме.Шапкар е пуштен од притвор согласно законот. Но истражната постапка не застанува тука. По сила на законот, Христијан Шапкар со решение за ослободување од притвор пуштен е точно на денот кога му истекува одредената мерка притвор од 30 дена на 18.09.годинава, велат од Основниот суд во Охрид. Истата му била изречена само заради влијание на сведоците. Истрагата за случајот со Шапкар и глисерската незгода, во која едно лице настрада,...

Continue reading

Кривична пријава и 30-дневен притвор за Христијан Шапкар

Post Views: 9 Мислењето на докторите е дека на Шапкар му е неопходна понатамошна медицинска нега, поради што истиот, од страна на судот е обезбедуван во Општата болница во Охрид. Експресно прифатена кривичната пријава за Христијан Шапкар. Од МВР велат дека пријавата следува поради основањо сомнение дека направил тешки дела за безбедноста на луѓето.Шапкар во мометов е во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение, во посебна соба со полициска придружба.  Од силината на ударот повредени му се пршлени на кичмениот столб и според лекарите, потребен е неколкудневен надзор поради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top