Ознака: христијани

Православните христијани денес го слават еден од најголемите пролетни празници, Св. великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Post Views: 6 Празникот на Св. великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, се празнува на 6 мај според новиот, односно на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија, што од друга страна значи дека во негова основа е празнувањето на природата, на разубавувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила...

Continue reading

freska

Утре се одбележува Велики петок

Post Views: 6 Во сите храмови на православните цркви во светот утре се одбележува Велики петок, Ден на страдањата и смртта на Исус Христос. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се...

Continue reading

erusalim

Католиците го слават Велики Петок

Post Views: 3 Огромен број христијани од католичка вероисповест го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја. Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок. Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос. {loadposition content9}  

Continue reading

Православните христијани денес го слават Иванден

Post Views: 0 Пророк кој оди пред Светителот. Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Свети...

Continue reading

Православните христијани денес го одбележуваат Велики петок

Post Views: 2 Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. На овој ден во сите храмови се се изнесува на поклонение плаштеницата (покровот) што го симболизра симнувањето од крстот на телото Господово. На Велики петок Исус е погребан во камен ковчег во пештера, пред која се поставува стража и огромен камен на влезот. На овој ден во храмовите има литургии во чест на неговата смрт.Верниците на Велики петок одат во црква, минуваат два пати под масата за...

Continue reading

Православните христијани го прославуваат Бадник

Post Views: 5 Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање. Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови покрај...

Continue reading

Православните христијани денес го слават празникот Воздвижение на чесниот крст – Крстовден

Post Views: 1 Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол). Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот...

Continue reading

Денес праволавните христијани го слават „Св.Константин и Елена“

Post Views: 1 Денес 3-ти јуни, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник Свети Константин и Елена кои црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар. Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Подоцна...

Continue reading

Православните христијани денес го слават празникот Голема Богородица

Post Views: 1 Станува збор за значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28-ти август по стариот календар или 15-ти август по новиот календар. Црквата нѐ учи дека Марија, мајката Исусова, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во...

Continue reading

Православните христијани го слават Петровден

Post Views: 5 Православните христијани денес го слават споменот на светите апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости. Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова...

Continue reading

ikona

Православните христијани денес го слават Св. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Post Views: 7 Ѓурѓовден — најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април, односно на 6 мај по стариот календар.. овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Освен овој празник во Македонија се празнува и 16 ноември денот кога е обновен храмот на Св. Георгиј и овој празник е познат како Ѓурѓиц. На иконата...

Continue reading

freska

Oд денес започнува Страсната седмица за православните христијани

Post Views: 4 Тоа е Неделата на страдањата – последната од животот на Исус Христос. Според православниот календар секој ден од оваа недела е Велики. Последната недела на Великиот пост црквата го нарекува Страсната седмица, бидејќи таа е посветена на оплакувањето на последните денови од земниот живот на Спасителот Господ Исус Христос – неговите страдања, распнувањето и крстот, смртта и погребение. Почнува со свеченото влегување во Ерусалим и завршува со неговото Воскресение. Секој ден од оваа недела се нарекува Велики – Велики понеделник, Велики вторник и така натаму. Таа е последната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top