Ознака: хор

Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос нижи успеси дома и на меѓународни натпревари

Post Views: 1 Вокс Лихнидос, градскиот мешан хор нижи успеси и го зацврстува своето реноме на музички план дома и надвор. Охридските хористи се активни и учествуваат на музички меѓународни и домашни натпревари и во ова специфично време на живеење. Пробите ги работат он лине од дома, преку зоом платформата, појаснува Бурим Хидри диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Со новиот начин на работа пеењето е поинакво, но добиваме нов квалитет кај членовите, појаснува охридскиот професор по музика. „Секој хорист мора да покаже индивидуално што знае и да се потпре на сопствените квалитети....

Continue reading

„A Cordis“, новиот женски хор во градот

Post Views: 1 Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид е побогат за уште една музичка содржина.Во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор „A Cordis“. Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска, секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекувамего за Новогодишните празници.

Continue reading

Градскиот хор Вокс Лихнидос се подготвува за својот годишен концерт

Post Views: 0 Градскиот хор Вокс Лихнидос интензивно се подготвува за својот годишен концерт. Четириесеттината членови од најразлична возраст двапати неделно интензивно вежбаат за на публиката да и приредат едно незаборавно доживување. Ќе бидат изведени дванаесет композиции и тоа од најразлични жанрови, ќе има духовни песни, песни од класичната музика, но и модерни нумери. Диригентот Бурим Хидри вели дека кога го одбира репертоарот секогаш се труди да биде шаренолик и да има за сите по нешто. Уште кога станав диригент на хорот јас направив избор на репертоарот со кој ќе настапува...

Continue reading

Тетовскиот хор „Менада“ вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 4 Претпоследниот концерт од музичката програма на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе го одржи тетовскиот Хор „Менада“ под диригентската палка на Ивица Зориќ, вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“. Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија...

Continue reading

hor

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 2 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата.  „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат...

Continue reading

рибарче

Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“

Post Views: 8 Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни.  „Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен,  детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина  деца...

Continue reading

koncert

Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни

Post Views: 2 Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани.  30 -тина хористи  ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од  музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот  Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни...

Continue reading

ohf 2012

Мал јубилеј на Охридскиот хорски фестивал

Post Views: 7 Јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал. Оваа веќе реномирана музичка манифестација слави пет години од своето постоење. Од 23-ти па до 27-ми овој месец повеќе од 40 учесници од 16 различни земји ќе настапат во натпреварувачкиот дел. Хоровите ќе ги оценува меѓународно жири, еден хор ќе биде прогласен за најдобар и ќе ја добие гран при наградата. Покрај натпреварувачкиот дел, и во ова издание ќе има ревијални настапи со фолк, поп и вечер на духовна музика. И годинава неизбежни финансиските проблеми, но директорот на фестивалот, Александар Димовски вели дека и...

Continue reading

horski festival

Охридски хорски фестивал по петти пат

Post Views: 0 Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество. „ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не...

Continue reading

hor

Хорот ќе одржи целовечерен концерт

Post Views: 3   „На програмата ќе бидат дела од повеќе автори, репертоарот е разновиден, меѓу охридски и староградски песни ќе испееме и дела од познатите конпозитори, како што се Стеван Гајдов, Трајко Прокопиев, а ќе пееме и дела од светската хорска литература и дела од ренесансата и популарни дела“, вели раководителот и диригент на градскиот Хор, Александар Димовски. Мешаниот градски хор повеќе години работи во склоп на Центарот за култура. Може да се пофалиме со многу квалитетен хор кој досега има настапувано на многу манифестации како во земјава така и во странство каде забележува...

Continue reading

skowronki

Хорот „Сковронки“ од Полска, најдобри

Post Views: 5 Детскиот хор од Полска, „Скоровинки“ победници на овогодинештниот Охридски хорски фестивал. Овој детски хор беше избран за најдобар меѓу педесетте хорови учесници. Учесниците од 16 земји, од Холандија, Турција, Русија, Полска, па се до претставници од земјите од соседството, како хорови на Србија, Словенија и Бугарија, во изминатите неколку дена сите беа дел од еден од најинтересните музички настани кои годинава се случија во Охрид. Диригентот на победничкиот хорски ансамбл Алисија Шолуга, истакна дека е многу среќна што учествува на овој фестивал во Македонија и во...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top