Post Views: 0
Завршија бесплатните проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“ кое Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ги организираше во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“.
Неколку стотини охриѓани во текот на изминативе денови, уживаа преку филм во незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот го отвори претставник од општина Дебрца, Ангел Секулоски кој го нагласи значењето на овој уникатен екосистем и неговото прогласување за заштитено подрачје.
Радува фактот што интерес покажаа и најмладите...
Post Views: 7
Љубителите на современиот германски филм, деновиве ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски остварувања, од германската филмска продукција.
Редослед на кино проекции:
18.05.2019 во 20.00 часот свечено отворање со филмот -100 нешта (100 Dinge), комедија, 100 минути
19.05.2019 во 18.00 часот детски филм – Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseres Planeten), 86 минути
19.05.2019 во 20.00 часот фимот – Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem), драма, 118 минути
20.05.2019 во 18.00 часот детски филм – Тим Талер или...
Post Views: 3
Филмскиот репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот” (The Prince’s Voyage). Кино проекции ќе има во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) со почеток во 18 часот. Картата ќе чини 100 денари, а филмот ќе се прикажува во големата сала при НУЦК Охрид.
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски...
Post Views: 0
Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекцијата е закажана за четврток со почеток во 18 часот.
„Брат ми брка диносауруси“ е најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол. Станува збор за италијанска продукција во режија на Стефано Ципани, а во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.
Во него главен лик е Џек, кој отсекогаш посакувал да има помал брат со кого...
Post Views: 2
Фестивалот кој се одржува по 13-ти пат, овој пат од 7-10 октомври е константа во културниот живот на македонскиот главен град и уште девет градови во внатрешноста на земјата.
– Светот, се чини, се врти се` побрзо, напливот на информации едвај ни дава да земеме здив, на денешниот човек со многу контакти и социјални мрежи му останува само уште време за видеа на YouTube. Дали е навистина така? Филмскиот фестивал на Амбасадата докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува, истакна Томас Н. Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија.
Во...
Post Views: 5
Детскиот филм „Мираи“ во среда и четврток ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 18 часот.
Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој...
Post Views: 5
Во цртаниот филм од деведесеттите, што се споделува во овој пост на Фејсбук, ниту се зборува, ниту, пак, е можно тој да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку во нарацијата се споменува инфлуенца и затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести, кои се пренесуваат по респираторен пат. Цртаниот филм само е злоупотребен за да се минира процесот на вакцинација...
Post Views: 2
На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски.
Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...
Post Views: 2
Од денеска, па се до недела во просториите на Кинотека на Република Македонија, ќе се случува првото издание на фестивалот „Кота 2023“.
Како дел од главната програма на на фестивалот кој ќе се одржува во престојната недела ќе бидат прикажани 143 кратки филмови од интернационален карактер, но од нив има неколку македонски. Додека, во дополнителната програма прикажани 20-ина македонски филмови кои не влегоа во главната програма, а таа ќе се случува во сабота и во недела и влезот за неа е бесплатен.
Фестивалот е компетитивен и за секоја од четирите категории ќе биде доделена...
Post Views: 6
Краткиот анимиран филм „Внатре“ на македонскиот режисер Иван Ивановски денеска премиерно ќе биде прикажан на 15-тото издание на Сараевскиот филмски фестивал.
„Внатре“ ќе биде дел од натпреварувачката програма за краток филм. Трае осум минути и е изработен во техника на стоп-анимација.Режисерот Ивановски ги изработи и сценариото, сценографијата, фотографијата и анимацијата за филмот. Извршен продуцент на „Внатре“ е Виолета Качакова, а монтажата на Доријан Миловановиќ.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Во рамки на научно-културите средби Десет дена Крушевска Република, утре ќе се одржи премиера на документарниот филм „Натежнати брегови“, посветен на семејните корени и хуманата мисија на хуманистката скопјанката Гонџа Бојаџиу.
Филмот е во режија на Кирил Узунов, а по сценарио на Стојан Тренчевски. Заедно со 30-тината учесници во филмот содржани се и сцени со следбениците во хуманото дело на Мајка Тереза, меѓу кои е и Тоше Проески.Филмот во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на Гонџа Бојаџиу, што ќе се одбележи наредната година во светот и кај нас му е предаден на...
Post Views: 18
За снимање на документарен филм кој ќе се емитува на британскиот Channel 4, направена е ДНК анализа на сопругата на Адолф Хитлер која би можела да покаже дека Ева Браун има еврејско потекло.
Оваа теза се заснова на анализата земена од четката за коса од резиденцијата на Хитлер во Бергдорф, каде Ева Браун поминувала најмногу време за време на Втората светска војна.
Експертите во анализираниот примерок нашле специфична секвенца на ДНК поврзана со Ашкеназите кои сочинуваат 80% од еврејската популација во светот.
Авторите на документарниот филм тврдат дека све укажува на...