Ознака: превоз

Контроли врз автобуси за јавен превоз

Post Views: 5 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија

Post Views: 9 Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај. Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај...

Continue reading

Локалната самоуправа од Охрид објави јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз

Post Views: 4 Станува збор за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници за: релација 1/2-Охрид-село Горно Лакочереј-Охрид – за период од пет години, сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз. При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку две возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, додека за докажување на вработени...

Continue reading

За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид

Post Views: 6 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани. Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места....

Continue reading

Граѓаните се жалат на пропусти во јавниот превоз во регионот

Post Views: 4 Граѓаните во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија пријавија проблеми со јавниот линиски превоз во регионот. Доцнење на комбињата и автобусите, стари и неисправни возила, непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, се дел од поплаките на граѓаните. Ве молиме да ја алармирате јавноста дека има големи пропусти со јавниот превоз во регионот. Ние сме од општина Дебрца имаме поплаки за една од компаниите кои сообраќаат на релација Дебрца-Охрид-Дебрца. Комбињата им се стари, често се случуваат дефекти и постојано доцнат – пишуваат загрижените...

Continue reading

Препораки за патници кои користат јавен превоз

Post Views: 0 Министерството за здравство на својот фејсбук профил ги објави препораките за патниците кои користат јавен превоз. Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња) Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете

Continue reading

prevoznici Struga

Од бесплатниот превоз за струшките учениците нема ни траг

Post Views: 0 Трпението попушта и кај линиските превозници и кај учениците. Овој начин на превоз неможе да се спроведе поради  несогласувањата помеѓу превозниците. Бесплатниот превоз за средношколците од  прва година во Струга, предизвика кавга помеѓу линиските превозници и учениците. Овој начин на превоз не се применува бидејќи   сопствениците на комби возилата нема да  ги превезуваат учениците, се додека  училиштата  не платат надоместок за тоа. Велат за таа намена министерството досега нема префрлено ниту денар  на нивната сметка. ТВМ неофицијално дознава  дека денес учениците...

Continue reading

196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз во охридско-струшкиот регион

Post Views: 3 Вкупно 196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион. Во просек при контролите годинава полицијата затекнувала по две неисправи возила дневно. Од нив 11 биле автобуси, а останатите комбиња и автомобили, кои превезувале патници. Најчесто неисправни им биле сопирачките, по што веднаш се исклучени од сообраќајот, а против сопствениците се поднесени соодветни пријави. Исправноста на возилата за јавен превоз е клучна за да не се случуваат страотни сообраќајни несреќи во кои згаснуваат животите на голем број граѓани.  Апелирам...

Continue reading

Редовно се контролираат јавните превозници за заштита од ковид

Post Views: 0 Од спроведените контроли во јавниот транспорт на патници во Охрид, СВР Охрид и овластените инспектори за патен сообраќај при Општина Охрид, констатирале помали прекршувања на мерките за заштита од ковид 19. Секојдневно се спроведуваат контроли врз јавните превозници дали ги почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести за редуцирање на патници во јавниот превоз, инфоромира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Полициската станица во патниот сообраќај презема интензивни мерки кон правните субјекти кои вршат јавен превоз на патници во градски и приградски сообраќај,...

Continue reading

Засилени контроли во јавниот превоз во охридско и струшко

Post Views: 5 Седум возачи од Струга во еден ден заработија парични казни за нелегално вршење  такси превоз на патници. Затекнатите лица немале лиценца, ниту  унифицирани ознаки и опрема на такси возилото, работеле на црно. Сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и  за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот ссообраќај. Носење заштина маска, но и преполовен  број на патници во јавниот превоз. Се контролира и организираниот превоз на фабриките и погоните во регионот.  „Ние практично ги интензивираме конторлите  на сите мотрни возила во градот...

Continue reading

Санкционирани возила кои вршеле јавен превоз со неисправни кочници

Post Views: 9 На 10.11.2021 година од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници од кои, пет упатиле на технички преглед. Кај две возила за јавен превоз, биле констатирани неисправни уреди за сопирање поради што се исклучени од сообраќај. Полициските службеници затекнале и санкционирале 28 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од пропишаната (Струга-19, Кичево-09), а во Дебар, од сообраќај исклучени...

Continue reading

Кривична за охриѓанец поради вршење јавен превоз без лиценца

Post Views: 4 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. На 27.01.2022 година, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници кај селото Подмолје сопреле патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски таблици, кој пријавениот го управувал, а бил во сопственост на правно лице од Охрид. Притоа, констатирале дека тој, врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без лиценца и без друга соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top