Ознака: пиење

Црн Дрим Струга

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 10 Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.Екипите на претпријатието, работат со голем...

Continue reading

Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга

Post Views: 3 Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина  Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28ми номври, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга...

Continue reading

Водата во Струга сеуште небезбедна за пиење

Post Views: 6 И вчерашните (19.10.2017 г.) контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мреза во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги ивзрши Центар за јавно здравје Охрид (последната вчера-19.10.2017,во 14:15 мин.) покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеусте над законски дозволената и прописана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга сеуште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи...

Continue reading

Микробиолошки е исправна водата за пиење од струшкиот водовод

Post Views: 1  Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце, во производсто и промет на прехрамбени производи. Во изминатите денови стружани не смееа да ја употребуваат водата за пиење заради констатирана поголема заматеност од дозволеното според Правилникот за безбедност...

Continue reading

Советниците не се за поскапување на водата за пиење

Post Views: 1 Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење. „Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати 30 проценти од побарувањата и планира вработувања за 2021 година. Се остава впечаток дека со поскапувањето на цената на водата ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на ЈП“. Градоначалникот остава на советниците дали ќе изгласаат повисока цена на водата за пиење. За ова точка на дневен ред треба да дадат или не согласност...

Continue reading

Водата во неколку охридски села, небезбедна за пиење

Post Views: 2 Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Свиништа, МЗ с. Опеница, МЗ с. Косел и МЗ с. Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на МЗ. с. Речица се забранува за пиење. Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од...

Continue reading

Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот

Post Views: 0 Јулијана Милеска, Велика Ѓонеска и Нада Љаткоска од месноста Надвис, од Велгошти се соочувале со живот без вода од водоводната мрежа два месеци. Тие се дел од 60-тина семејства со околу 240 луѓе кои имаа секнати славини на чешмите за пиење вода. Од 10 август па се досега во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Преку ден не можевме да се испереме, истушираме, се миевме капка по капка со вода, вели Милеска. Додава дека секое утро првиот шок им бил дали ќе имаат вода или не во водоводната мрежа. Навечер чекале да наполнат...

Continue reading

Согласно решението на Регулаторната Комисија мора да има поскапување на водата за пиење до крајот на годинава

Post Views: 4   Мало зголемување, корекција на цената на водата се пиење, ќе стартува со решение на Регулаторната Комисија од 2021 година, кажа градоначалникот Константин Георгиески на последната седницана совет. Тој притоа ја повлече од дневен ред точката за утврдување на цена за водата за пиење со која требаше да се зголеми фиксниот надоместок од 72 денари на 100 денари за физички лица и од 100 на 150 ден за правните лица. Градоначаланикот кажа дека и тој смета дека поскапување никогаш не е популарно решение но во случајот е еднинствено решение согласно законот.Согласно решението...

Continue reading

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

Post Views: 2 Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„. „Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со цел...

Continue reading

Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода

Post Views: 2 Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со забрана,...

Continue reading

proakva

Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга

Post Views: 7 Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува  по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор,  веќе  од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан  Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква. „Им препорачуваме да пијат...

Continue reading

Водата за пиење од селските водоводи во Дебрца не е сподоред законските стандарди

Post Views: 0 Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески . „Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на Центарот за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top