Ознака: истрага

марихуана

Истрага против дилер на марихуана во Струга

Post Views: 5 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користел во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски пат“, неовластено заради продажба држел вкупно 433,8 грама марихуана во бела најлноска кеса. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување...

Continue reading

Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито

Post Views: 7 По апсењето на челниците на CONEMBOL и CONCACAF, најмоќните луѓе на фудбалот од двата американски континенти, на удар на американските истражители повторно е и 79 годишниот Сеп Блатер. BBC ексклузивно објави дека FBI ја истражува улогата на Блатер во корупциската афера тешка 100 милиони евра. Американските власти се сомневаат дека тој ја толерирал и заташкал корумпираноста на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и членот на извршниот одбор Бразилецот Рикардо Тешеира кои од компанијата ISL примиле околу 100 милиони евра мито, а за возврат им осигурале вносни маркетиншки...

Continue reading

Покрената криминална истрага и против Сеп Блатер

Post Views: 4 Светските медиуми јавуваат дека е покрената криминална истрага против претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Швајцарското државно обвинителство отвори истрага против долгогодишниот претседател на светскиот фудбалски сојуз, Сеп Блатер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба, а адвокатот на Блатер објави дека неговиот клиент во потполност соработува со истражните органи. “Канцеларијата на претседателот на ФИФА е претресен и податоците се одземени”, објави швајцарското обвинителство кое го терети Блатер дека во 2005 година потпишал штетен договор за ФИФА за телевизиски...

Continue reading

Фудбалскиот сојуз на Англија (FA) покрена истрага против Мурињо

Post Views: 1 Актуелниот менаџер на Челзи, португалецот Хозе Мурињо се сомничи дека во завршницата на мечот од првото колу на Премиер лигата помеѓу Челзи и Свонси (2-2) со сексистички зборови ја навредил Ева Карниеро која втрча на теренот за да му помогне на Еден Азар. Мурињо по натпреварот изјави дека неговата докторка не го разбира фудбалот и дека нејзиниот потег е непрофесионален. По тој инцидент Карниеро е отстранета од својата должност и не се врати во ниеден момент, а воедно поднесе и тужба против Мурињо откако се советувала со својот адвокат. Во доказниот материјал може да...

Continue reading

Исчезнати 2300 примероци на смртоносен вирус

Post Views: 3 Францускиот институт Луј Пастер признал дека од нивниот магацин пред извесно време исчезнале 26 кутии со 2300 примероци на смртоносниот вирус SARS, пренесува Euronews. Неверојатното исчезнување е откриено при рутинска контрола на магацинот. Од институтот смируваат со тврдењата дека нема опасност по здравјето на луѓето бидејќи исчезнатите примероци немале никаков инфективен потенцијал. Интерната истрага траела околу два месеци, а потоа институтот ја известил националната регулаторна агенција за лекови и здравствената сигурност (MSNA) за случајот. MSNA веднаш покренала...

Continue reading

Најопсежна истрага за корупција

Post Views: 5 Откако е започната истрагата, кон крајот на минатата година против 71 годишниот Zhoua Yongkang, тој е во домашен притвор. Кинезите замрзнале 14,5 милијарди долари на фамилијата и соработниците на „царот на осигурувањето“ Zhoua Yongkang, кој моментално се наоѓа во центарот на најголемиот кинески скандал за корупција во последните 60 години, јавува Reuters. Повеќе од 300 членови на фамилијата на Zhoua Yongkang , политички соработници и вработени, се приведени или испрашувани во последните четири месеци. Ова е најопсежна истрага за корупција во модерна Кина и покажува како...

Continue reading

Продажбата на WhatsApp под истрага

Post Views: 0 The Electronic Privacy Information Center (EPIC) и Center For Digital Democracy бараат од федералната трговска комисија (FTC) да спроведат истрага за продажбата на WhatsApp. Тие бараат ако треба продажбата и да се стопира. Главна причина зошто FTC би требало да ја истражи продажбата е загрозеноста на приватноста на корисниците. Познато е дека добар дел од финансискиот колач  Фејсбук отстварува преку реклами, но  исто така е познато дека WhatsApp до сега ништо не прикажувал внатре во апликацијата а уште повеќе гарантирал дека нема да објавува лични податоци на корисниците...

Continue reading

ФИФА одбива да ја објави за јавност истрагата за корупција

Post Views: 4 Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одбила жалбата на иследникот Michael Garcia на извештајот на Етичката комисија, со која Русија и Катар се ослободени од обвиненијата за корупција при изборот за домаќин на светските првенства во 2018 и 2022 година, оценувајќи ја за неприфатлива. Michael Garcia спроведе опсежна истрага за можни коруптивни работи во процесот на изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година, и објавил извештај на 430 страници кој заврши пред Етичката комисија со која претседавал судијата Hans-Joachim Eckert. Eckert...

Continue reading

wikileaks

И „Викиликс“ бил мета на тајните служби

Post Views: 4 Соработниците на сајтот „Викиликс“,  и неговите редовни читатели биле шпионирани од  тајните служби на САД и Велика Британија покажуваат новите документи на поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден. Според овие документи Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД во 2010 година го ставила основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж на списокот на лица, кои подлежат на следење и истрага поради серијата пораки за војната во Авганистан. Во еден документ од 2012 година стои  дека британскиот партнер на НСА, Центарот за владини комуникации, исто така, ги шпионирал „Викиликс“,...

Continue reading

УЕФА објави кои гиганти се под истрага

Post Views: 8 Уефа објави кои клубови се под истрага, а меѓу нев се и четирите гиганти Рома, Монако, Интер и Ливерпул. Овие четири клуба, заедно со Бешикташ, Краснодар и Спортинг од Лисабон, се под посебен надзор на Уефа поради кршење на правилата кои на клубовите им забранува да трошат повеќе од она што стопанисуваат. Уефа јавно ги објави овие седум клубови за кои постојат финансиски нејаснотии, темелени на нивните годишни извештаи за 2012 и 2013 година, а тие во текот на октомври и ноември ќе мораат да докажуваат дека работат позитивно или во спротивно ќе сносат санкции, меѓу кои...

Continue reading

Majkl Lorens

Т-Мобиле не ја коментира истрагата за проневера

Post Views: 3 Главниот извршен директор на T- Мобиле Мајкл Лоренс вели дека не може да излегува со коментари за истрагата на МВР за проневерата во „Македонски телеком“ што се поврзува со дел од поранешните раководители на компанијата, се додека таа трае. „Не сме во состојба да коменираме се додека истрагата е во тек, но соработуваме со сите домашни и странски институции, на кои им се потребни какви било податоци“, рече Лоренс одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција. Според Жарко Луковски, главен оперативен директор на Т-Мобиле, компанија продолжува да работи согласно...

Continue reading

foxcon

Ајфон телефоните ги склопуваат 14 год. деца

Post Views: 8 Внатрешната истрага во Foxcon покажала дека во некои фабрики на компанијата работеле 14 годишни деца. Компанијата  Foxcon од неодамна е на лош глас поради катастрофалните услови за работа, штрајковите и малтретирањето вработени, а прозорците на нивните фабрики се заштитени со мрежа како би се спречиле самоубиства на работниците (што досега често се случувало).Некои медиуми порано пишувале дека во  Foxcon често работат деца (во Кина е забрането вработување лица помлади од 16 год) а сега внатрешната истрага го потврдила тоа.„Преземаме целосна одговорност за овие случаи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top