Ознака: Грција

Ковид 19-Грција

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Post Views: 23 Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест,како и пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување кај јужниот сосед, додека пак за оние кои не се вакцинирани или не прележале и патуваат со негативен тест, а доаѓаат од 16 конкретни земји меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани на влезните точки. Согласно новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19″ што...

Continue reading

Силен земјотрес во Медитеранот

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Според геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Според европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема информации за повредени лица или евентуална штета. Погледнете го видеото на следниот линк

Continue reading

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација

Post Views: 3 Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација,...

Continue reading

Во Грција шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус

Post Views: 0 Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините. ЕОДИ соопшти дека идентификувала два случаја на аеродромот во Атина, два во Арголида во северен Пелопонез и по еден во Атина и Ахаја, исто така на Пелопонез, објави „Катимерини“. Високозаразниот делта-сој продолжува да предизвикува најголема загриженост, бидејќи стапката на мутираниот коронавирус по потекло од Индија...

Continue reading

Грција нема да ги затвори границите

Post Views: 4 Грчката влада не планира воведување на рестрикции за туристите, како затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврдил владиниот портпарол Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите. Грција утре ќе соопшти нови мерки, кои се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани. Во однос на новите мерки, владиниот портпарол рече дека намерата е да постои „рамка на мерки кои ќе бидат ефикасни, кои ќе се спроведуваат и главно што ќе можат да се контролираат за да се обезбеди нивната ефикасност“. Македонските граѓани во Грција може да влезат со еден од трите...

Continue reading

Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија

Post Views: 8 Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. -Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони. Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката...

Continue reading

Грција од утре воведува нови ограничувања

Post Views: 2 Грчките власти оваа недела вратија ограничувачки мерки за рестораните, ноќни клубовите и кафулињата. Правилата важат од утре и тие забрануваат да служат гости што стојат. „Тоа е чекор назад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи“, рече 27-годишниот Илиас Бабацикос, менаџер на кафуле на плажа во атинското крајбрежното предградие Алимос. Здравствените власти се загрижени за неодамнешниот пораст на бројот на нови инфекции и појавата на позаразниот делта сој. Вчера имаше 1.797 новоинфицирани,...

Continue reading

Отворени сите гранични премини за Грција, ќе работат нон-стоп

Post Views: 3 За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа. Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан...

Continue reading

До крајот на август делта сојот ќе стане доминантен во Грција

Post Views: 6 Тој за телевизијата „Скај“ изјави дека 11 случаи на делта биле откриени во Атина, а таа варијанта е присутна и на Крит и Коринт. „Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта сојот, а денес очекуваме податоци и за повеќе случаи. Оние кои не се вакцинирани се изложени на ризик“, рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на коронавирусот е заразен за 50 до 60 проценти повеќе, објави „Катимерини“. Грција одржува итен состанок на високо ниво за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делта варијантата и се очекува да присуствуваат голем број високи здравствени...

Continue reading

Грција испрати 20 000 вакцини во Албанија

Post Views: 3 Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни”. На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грци...

Continue reading

Силно невреме во Грција: Загина маж во Солун

Post Views: 4 Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило. Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот дел имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплава на трафостаница.

Continue reading

Бразилска мутација на ковид-19 во Грција

Post Views: 6 Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) потврдена е во Грција, а според грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема информации за тоа како конкретниот сој пристигнал во Грција. Националната организација за јавно здравје на Грција, во соопштенијата за новите случаи на Ковид-19 во земјата и за епидемиолошката слика, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации, па така, според последните податоци, од 1.567 анализирани позитивни случаи во периодот од 15 април до 27 мај...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top