Ознака: годивје

Идејата за изградба на регионална депонија во Годивје е напуштена

Post Views: 0 Дебарца ја доби битката, министерството за  животна средина се откажа од идејата за изградба на депонија во селото Годивје. Сега се бара нова локација, надвор од сливното подрачје на Охридското езеро. Под притисокот  на стручната јавност и населението на Дебрца,  кое под никакви услови не попушташе да се гради депонија во еколошки чистата средина,  се напушти таа идеја. Второстепената владина комисија го поништи решението, поради пропусти при што не беа земени мислења на стручната јавност и Унеско,  а предметот повторно е вратен на разгледување. „Сакам јасно да кажам,...

Continue reading

Сообраќајна несреќа кај Годивје

Post Views: 1 На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница...

Continue reading

Дебрчани одржаа протест против изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје

Post Views: 5 Дебрчани масовно излегоа на протест и кажаа не за изградбата на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Со двочасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево, кај селото Ботун, уште еднаш ги изнесоа своите аргументи против регионалната депонија да се гради во Дебрца. Тука е Сини вирови најголемиот извор на питка вода во Европа кој исфрла 680 литри во секунда, кажа меѓу другото Бошко Ставрески, член на Координативното тело против изградбата на депонијата. „Дебрца не е само еколошки чиста средина, туку има и многу други апекти со кои се брани...

Continue reading

Протест против изградба на регионална депонија во Годивје

Post Views: 3 Координативното тело на општина Дебрца, формирано со цел да се спречи изградбата на регионална депонија во с. Годивје, утре на прес конференција ќе соопшти детали за најавениот протест закажан за во недела.„Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје“- информираат организаторите. На прес конференцијат ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан, член на...

Continue reading

Советот на Дебрца нема да подржи иницијатива за изградба на депонија во Годивје

Post Views: 18 Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион. „Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на крајот...

Continue reading

svr

Тешка сообраќајна несреќа кај Годивје

Post Views: 6 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје. Од здобиените повреди, на лице место починал Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во...

Continue reading

svr

Кривична пријава за лице осомничено за опожарување во општина Дебрца

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“. Имено на 18.03.2014 година пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 м2 дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 м2 сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 м2 млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top