Ознака: глуви

DZeljal Bajrami

Министерот Бајрами на конференција за глуви и наглуви лица

Post Views: 4 Mинистерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска ќе ја отвори Интернационалната конференција под наслов „Знакот е глас“ во организација на Детскиот театар центар-Скопје, а во соработка со Туст театарот од Стокхолм, Шведска.   Главна цел на конференцијата, која ќе се одржи во Детскиот театар центар во Старата Чаршија, е започнување процес за развој на театарската култура и пракса со и за заедницата на глуви и наглуви на Балканот, со посебно значење во Македонија. Долгорочниот план на проектот е воспоставување основа за градење одржлива инфраструктура за поддршка...

Continue reading

раце

Поднесени 1000 барања за оставрување на „Право на глувост“

Post Views: 0 Министерот за труд и спцијална политика Диме Спасов денеска оствари средба со раководството на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, на која разговараа за тековните и актуелни проекти што Министерството и Владата ги реалзираат во насока на подобрување на животот на овие лица. „На почетокот на јануари годинава беше воведено новото право на глувост, со парична помош во износ од 4.000 денари за сите потполно глуви лица и досега имаат поднесено барања околу 1000 граѓани, а ова право го имаат остварено околу 300 лица. Очекуваме во наредните месеци да се зголемува...

Continue reading

planinarski dom

Oд руина до планинарски дом за глувите лица од Скопје, но до кога?

Post Views: 0 Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците? Од „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“,  апелираат  да не се распишува тендер или барем и самите да имаат право да учестуваат со одредени повластици и предност, бидејќи не сакаат да изгубат објект кој е дел од нивните животи. Никола Огненов претседател на здружението на глуви лица „Скопје 63“и  Претседателот на националниот сојуз на глуви лица Васко Марков, објаснуваат дека станува збор за објект со кој...

Continue reading

Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид ја одбележа својата 60 годишнина

Post Views: 1 Лицата со оштетен слух и глувите лица во годинава што изминува после долгогодишна борба успеаја да се изборат  за остварување на правото на глувост. Секое лице кое има оштетување на слухот над 80 децибели доби право на паричен надомест од 4000 ден. Славица Стефаноска, претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид вели дека ова има големо значење за лицата кои живеат во светот на тишината. Овој надомест не е многу но ќе го збогати буџетот на овие лица. Тие сите се работоспособни и имаат свои примања, но ова ќе придонесе за еден поквалитетен живот и за...

Continue reading

Глувите со полесен пристап до информации

Post Views: 0 Три генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред  малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви  лица. Тие не го кријат  задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.Шкендие Ељмази Велиу вели сакаме да  гледаме телевизија со превод, не интересира. За глувите има многу малку превод за да разберат што се случува. Добро е сега што можеме да разбереме што се случува. И моите деца ги следат вестите и  ги разбираат информациите. Порано...

Continue reading

mrtv

Глувите лица сепак ќе плаќаат ТВ претплата

Post Views: 12 Глувите лица извисија од ослободување на ТВ претплата. Од Здружението на глуви лица велат Македoнската радио телевизија на крајот од 2009 година им достави решенија на овие лица за наплата на радиодифузната такса и со тоа не го испочитува Законот за радио дифузија од 2006 година. Со тоа  глувите лица останаа без оваа  бенифиција иако Законот се сметаше како голема придобивка, но по 2-3 години таа придобивка е укината. Законот постои, но во пракса не се применува, објаснува секретарот на Здружението, Славица Стефаноска.Со овој Закон лицата со оштетен слух од над 60 децибели...

Continue reading

sovetuvanje

Глувите лица и важноста на оралното здравје

Post Views: 5 Неодамна во просториите од здружението на глуви и наглуви лица од Охрид беше одржано советување на тема ВАЖНОСТА НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ. Советувањето го одржа Др. Кристина Стојаноска Алоска -стоматолог, а на гестовен јазик преведуваше г-гја Славица Стефаноска секретар на ова здружение. “Советување на ваква тема за прв пат до сега е одржано пред нашите членови. Интересот за корисните совети за  оралното здравје го докажавме со посетеноста на членовите” – рече г-гја Стефаноска. “Во вториот дел од нашата денешна прва средба, на мое огромно задоволство...

Continue reading

apteka

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

Post Views: 1   Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица. –Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат...

Continue reading

zena domakjinka

Манифестацијата „Жена домаќинка 2014“ ја отвори сезоната во хотел Даљан

Post Views: 1  Денес во хотел Даљан Охрид, домаќинките, членки на здруженијата за глуви и наглуви лица имаа можност да ги покажат своите кулинарски способности, како и да ги изразат своите вештини за креирање, декорирање и создавање на дела од храна кои потсетуваат на вистинска уметност. Благо, солено, месено, сукано, од се по нешто можеше да се забележи на работните маси во хотелската кујна, а богами и пријатната миризба на вкусно приготвените специјалитети дополнително привлекуваше. Сето тоа е во рамките на натпреварот „Жена домаќинка“ кое и годинава е во организација на хотелот...

Continue reading

igri

Светскиот ден на глувите лица традиционално одбележан со спортски игри

Post Views: 5 28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година игрите...

Continue reading

torta

Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини

Post Views: 5 Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види. „Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени,...

Continue reading

ribolov natprevar

Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Post Views: 0 12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука. „Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите....

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top