Ознака: галерија

Зграда „Бело Дрво“

Post Views: 10 Француските и јапонските архитекти планираат да направат „Бело Дрво“ насред Монпеље во Франција, а се работи за станбена зграда на која терасите и тендите ќе излегуваат од ѕидовите како гранки од дрво. На врвот од зградата ќе има penthouse бар со прекрасен видик на морето и планините околу, уметничка галерија и ресторан. На граѓаните ќе им бидат понудени 120 различни станови.Следната година е рокот кога овој француски град ќе го краси зградата Бело Дрво.

Continue reading

galerija

Штрајк на британските музеи

Post Views: 4 Вработените во музеите и во галериите во Британија, вклучително и во најголемите туристички атракции какви што се Британскиот музеј и Националната галерија, ќе штрајкуваат поради намалени плати, пензии и укинување на работните места. Лондонската Национална галерија, според AP, најавила дека некои од нејзините галерии денеска ќе бидат затворени, а некои настани откажани. Синдикат на вработените пак, соопштил дека еднодневен штрајк в петок, меѓу другото, ќе биде организиран во Британскиот музеј, Музејот на националната историја, Музејот на Викторија и Алберт. Вработените...

Continue reading

krazba

Кражба на деценијата, украдени слики од Пикасо, Моне, Матис

Post Views: 1 Од Уметничката галерија во Ротердам вчера биле украдени седум слики на Пабло Пикасо, Анри Матис, Клод Моне, Пол Гоген, Лусијен Фројд и Мејер де Хан. Ова е една од најголемите уметнички кражби во последните неколку години во Холандија, а вредноста на делата се проценува на повеќе стотици милиони долари. Холандската полиција соопштила дека сликите биле украдени во вторникот околу 3 часот по полноќ. Тие биле изложени како дел од прославата на 20-годишнината на Фондацијата Тритон. “Во текот на ноќта се случила кражба и земени се неколку слики кои имаат прилична вредност“,...

Continue reading

Урбана фото галерија во дворот на Државниот архив во Охрид

Post Views: 0 Урбана фото галерија во дворот на Подрачното одделение на Државен архив Охрид го прикажува периодот непосредно пред Втората светска војна и Народноослободителната војна во охридскиот регион. Реставрираните фотографии од денеска се повторно изложени пред јавноста по 5 децении.Самата изложба е креирана врз она како изгледал Охрид пред Втората светска војна, подигнувањето на свеста, посебно кај младите во тој период, потоа креирање на здружено и организирано движење за народно ослободување, текот на народноосолободителното движење и на крај претставени се дел од народните...

Continue reading

Охрид нема ниту национална ниту градска галерија

Post Views: 7 Охридските галеристи бараат да се реализираат ветувањата за отварање галериски простор каде уметниците ќе можат да ги излагаат своите дела. Малубројните галерии во градов се претесни за во нив да можат да се претстават барем поголемиот дел од сликарите, било локални, било национални. Потребата од национална и градска галерија се наметнува од два аспекти. Едниот е потребата на уметниците за свој репрезентативен простор, а другата е потребата на туристите да посетат една галерија во која ќе можат да добијат впечаток за современата уметност со која располага нашиов град,...

Continue reading

Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија

Post Views: 6 Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески. „Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески. Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се планирани...

Continue reading

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони

Post Views: 37 Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески. Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано...

Continue reading

Охрид нема ликовна градска галерија

Post Views: 6   Охрид нема ликовна градска галерија. Пред дваесеттина години градов имал ваков простор во кој биле изложени дела на врвни македонски и светски уметници, а тоа била зградата каде сега се наоѓа ОМУ „Методиј Патчев“, но му бил одземен и даден на тогашниот шаховски клуб. Одтогаш па наваму се организираат само ликовни изложби од времен карактер и тоа најчесто во двете галерии на Центарот за култура „Григор Прличев“, во куќата на Уранија и на Робевци. Ние имаме една извонредна збирка на уметнички дела кои стојат во депоата и кои за жал никој не ги видел. Една ваква галерија...

Continue reading

profil lazen

Летонец на Facebook се претставува како Тоше Проески

Post Views: 4 На Фејсбук профилот на Al Gustuz Mahmoud можат да се најдат цела галерија со фотографии од концерти, средби со фанови и приватни фотографии на нашиот трагично починат пејач Тоше Проески. Al Gustuz Mahmoud кој на Фејсбук има повеќе од 1.000 пријатели лажно се претставува како Тоше користејќи цела галерија негови фотографии. На својот Фејсбук профил вели дека живее во Оукленд, Нов Зеланд, а доаѓа од Летонија. Тој измислува настани и места кои одговараат на неговите лажни тврдења и под секоја фотографија од Тоше Проески става опис каде е фотографирана. Засега е непознато...

Continue reading

dekret

Иконите од Струшкиот регион ќе се чуваат во галерија

Post Views: 0 Прострот е веќе оспособен за таа намена. На местото на иконите кои ќе бидат донесени во галеријата, во црквите ќе се постават нивни копии. Иконите од струшките цркви ќе се безбедни  во галерија. Просторијата кај црквата Св. Ѓорѓија во центарот на Струга е оспособена за оваа намена. Мора да бараме било каков начин да ги заштитиме останатите вредни икони од црквите на струшкото поднебје, велат стручните лица. Интериерот на галеријата е при крај, во моментов се работи на засилување на безбедноста на просторијата, како физички, така и технички, велат надлежните. „Тука ќе...

Continue reading

sozdavanje

Клуни, Божји дар

Post Views: 9 Клуни, кој во моментов снима филм во Синсинати, стана инспирација за еден локален уметник кој холивудската ѕвезда ја претставил како Адам во реплика на ремек делото од Микеланџело „Создавањето на Адам“ кое се наоѓа во Сикстинската капела. Делото е насловено “Божји дар за жените” и не се наоѓа во галерија, туку на улица. “Ова е нашиот поклон за Џорџ Клуни”, изјави уметникот Марк Шмит, кој додаде дека сакале да се забавуваат и на ваков начин да му оддадат почит.{loadposition content9}

Continue reading

kamensko

Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство

Post Views: 4   Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела.  Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески. Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top