Ознака: бисер

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ЗАШТИТА НА НАШИОТ БИСЕР, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“

Post Views: 8 Градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга. Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество.Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина...

Continue reading

Sevilja

Сето ѓубре на Севиља

Post Views: 7 Севиља, архитектонскиот бисер на Шпанија, е преплавена со 5.000 тони смет кој на улиците се натрупува од минатата недела поради штрајк на вработените во комуналните служби кои се противат на намалување на платите. Големиот број пластични кеси со смет достигнале висина од два метри, а големи сандаци и картонски кутии преполни со различен смет се насекаде низ улиците на главниот град на Андалузија со 700.000 жители, во јужниот дел на Шпанија, а на некои места дури и е нарушен сообраќајот. Тој штрајк, еден од многуте кои ги илустрираат финансиските потешкотии на градовите...

Continue reading

„Охридски комуналец“ и „Охридски бисер Филеви“ со донација за социјално загрозените семејства

Post Views: 0 Познатиот производител на охридски бисери Михајло Филев и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ обезбедија стотина пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена за помош на социјално загрозени лица и семејства. Во вакви вонредни услови каде сите трпат последици од корона кризата треба уште повеќе да посветиме внимание на најранливите категории сограѓани, порачуваат овие хумани охриѓани. „Брендот Охридски бисер Филеви секогаш помагал па така и во овие услови кога Охрид не е поштеден од кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирус.  Апелирам до сите...

Continue reading

Се одржа IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Post Views: 0 Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина...

Continue reading

„Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св.Стефан“

Post Views: 3 Во манастирскиот комплекс „Св. Стефан“ во близина на Охрид, во сабота, 30-ти јуни 2018 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи третото издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“. Овој настан има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Таа им дава можност на непознатите, анонимни поети, особено на помладите генерации, во содејство со веќе познати македонски автори да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик. Повеќегодишната идеја...

Continue reading

Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви

Post Views: 4 8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок. „Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години....

Continue reading

logo

Македонија и Охрид во мартовското издание на американскиот „Forbes“

Post Views: 1 Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата земја американскиот магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид, објавува порталот „Економски Лидер“. „Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за 3 % оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија , Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај Дуинг Бизнис за 2013 ја рангираше...

Continue reading

Годинава туристичкиот бисер остана без мобилни тоалети.

Post Views: 1 Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за  гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и кафулињата...

Continue reading

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Post Views: 2 Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи. „ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за приватните...

Continue reading

Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости

Post Views: 0 Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости. Речиси и да нема турист кој дошол во градов оваа сезона, а кој не ѕирнал што се случува во овој автентичен простор во непосредна близина на катедралната црква Св. Софија. Покрај што таму можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија тоа се прави, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами. Семејството Филеви веќе 100 години ја негува традицијата на изработка на оригинален...

Continue reading

Кражбите во летниот период во туристичкиот бисер се честа појава

Post Views: 0 Охридските културно историски локалитети, атрактивни и најпосетувани од страна на туристичките групи и бројните гости, омилени и за крадците. Тоа посебно е изразено во летниот период како и за време на екскурзиските посети. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека генерално гледано во текот на летната туристичка сезона се зголемува бројот на кражбите. „Пред секоја туристичка сезона СВР се организира малку подобро, целокупниот полициски состав се анимира во насока на подобрување на безбедносната состојба, заштита на охриѓани и на туристите кои престојуваат на...

Continue reading

hotel

Сезоната не е готова за хотел „Бисер“

Post Views: 5 Турбо сезона за хотел „Бисер“, Струга. Менаџерите тријат раце од солидната заработка. Посебно изненадени биле од посетеноста со домашните гости кои го преплавиле хотелот. Татјана Огненовска, маркетинг менаџерот на хотелскиот капацитет вели дека сезонава не изостанале ниту гостите од балканот како и оние од Русија. Додава дека преполнетоста на хотелот за време на сезоната се должи на ценовната политика која ја поставиле ова лето, а и можеби акциите со кои ги разбудиле македонските туристички агенции Заедно со новиот сопственик Величе Шумоликоски, кој го поседува хотелот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top