Ознака: билборд

Отворени понудите за нови билборд локации низ Охрид

Post Views: 6 „Медиас“ ДООЕЛ Скопје, „Кала-Плака“ Скопје, Скрин Инвест“ Тетово и „Акцент Медиа“ Скопје, се фирмите чиишто понуди  за издавање на микролокации за поставување на билборди денес беа отворени во Општината. Издавањето под закуп на локациите ќе оди во два пакети и тоа: Пакетот 1 содржи локации за осум рекламни паноа, додека Пакетот 2. содржи локации за девет рекламни паноа, а локациите се во централното градско подрачје, на улиците, „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, кеј „Македонија“ и „Македонски просветители“. Станува збор за петнаесеттина нови локации и пет...

Continue reading

Во училиште цитати од Хитлер

Post Views: 9 За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна. На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”. Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина. Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека рекламата...

Continue reading

poposki

Вандалски гест – уништен подвижниот билборд на Павел Попоски

Post Views: 1 Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма  која  е спроведлива на дело. Доколку  ја добиеме  довербата на граѓаните ветуваме поинаков начин на работа на градскиот Совет, рече Попоски. Тој кажа дека ќе бидат преносители и  извршители на барањата на граѓаните, ќе ја контролираат работата на градоначалникот, а ќе го променат и ликот на општинската администрација.  Попоски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 38 на нивната советничка листа....

Continue reading

bilbord

Искривен билборд

Post Views: 20 На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава...

Continue reading

bilbordi

Нови билборди, стари локации

Post Views: 7 Станува збор локациите кои општината ги даде на закуп во мартовскиот јавен оглас. Од вкупно понудените 104 локации, беа закупени 97, а закупувачи се фирмите Акцент медиа и Лазов груп. Од општината велат дека сите билборди се легално поставени, и дека нема билборд кој е надвор од објавениот оглас. Охриѓани во изминативе 2 месеци постојано здогледуваат по некој нов билборд. После јавниот оглас кој го објави општината во месец март, на неколку локации никнаа нови билборди. Овие билборди имаат прилично големи димензии па лесно паѓаат во окото на граѓаните. Токму поради тоа,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top