Ознака: Белгија

Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините

Post Views: 4 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив. Кога во пребарувачот...

Continue reading

Историски момент за фудбалот во Белгија

Post Views: 5 Граѓаните на третиот град по големина во Белгија, Гент, ова го чекаа дури 115 години кога во 1900 година е основан овој фудбалски клуб. На едно коло пред крајот на свој терен го совладаа Стандард од Лиеж со 2-0 со што станаа недостижни за своите главни конкуренти Бриж и Андерлехт и го освоија насловот првак на Белгија по прв пат во историјата. Ghelamco арената експлодира откако судијата го означи последниот свиреж, а 20 илјади навивачи се веселеа со химната на Лигата на шампиони. Звучи малку неверојатно, клуб од третиот по големина град во Белгија по прв пат по 115 години...

Continue reading

Gorge Ivanov

Претседателот Иванов во посета на Белгија

Post Views: 7 Новиот македонски претседател Ѓорге Иванов денеска во Белгија ќе оствари билатерални средби со белгискиот крал Алберт Втори и со премиерот Херман Ванромпеј. Иванов се наоѓа во прва официјална посета на Европската комисија, каде што вчера се сретна со еврокомесарот за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана. Македонскиот претседател изјави дека со оваа прва посета на ЕК потврдува оти зачленувањето во ЕУ е врвен приоритет на неговата агенда.   {loadposition content9}

Continue reading

Zgrada na Evropska komisija

Продадена зградата на Европската комисија

Post Views: 3 Белгија за 640 милиони евра ја продала зградата „Берлајмон“, во која е сместено седиштето на Европската комисија и на компаниите „БНП Парибас Фортис Банк“ и „АГ осигурување“. Големата деловна зграда „Берлајмон“ доминирала во областа Шуман во Брисел, каде се наоѓаат бројни институции на Европската унија. Економскиот весник “Ехо“ пишува дека зградата е изградена во 60-тите години од минатиот век како симбол на европската моќ и дека Белгија и’ го издала објектот на Европската комисија во 2004-та година за 553 милиони евра на користење во следните 27 години.Весникот наведува...

Continue reading

Аргентина казнета пред финалето на Светското првенство

Post Views: 5 Меѓународната фудбалска федерација ја казни репрезентацијата на Аргентина со 336.000 долари бидејќи нејзините фудбалери не дошле на четири новинарски конференции за време на Светското првенство во Бразил. Дисциплинската комисија на ФИФА навела дека Аргентина ги прекршила медиумските правила со недоаѓање на конференциите за новинари по натпреварите со Нигерија, Швајцарија, Белгија и Холандија, каде беше присутен само селекторот Alejandro Sabella. Аргентина во Рио де Жанеиро ја очекува финале на Светското првенство против Германија. {loadposition content9}

Continue reading

Богатата Европа или сиромашните јужноамериканци

Post Views: 5 Во четвртфиналето на Светското првенство ќе гледаме четири екипи од богатата Европа и четири екипи од централна и јужна Америка чии граѓани финансиски не стојат баш најдобро. Од сите учесници во четвртфиналето најголем бруто национален доход по глава на жител има Холандија, која е на 12 место (листата на ММФ од 2013 година). На 15 место е Германија, Белгија го завзема 20 место, а три места подолу е Франција. Меѓу првите 50 нема ниту еден воневропски четвртфиналиста – Аргентина е на 55 место со 18.749 долари по глава на жител, на 76 место е Костарика, три места подолу...

Continue reading

Elio di Rupo

Белгискиот премиер е прв геј премиер во историјата на Европа

Post Views: 2 Белгискиот премиер Елио ди Рупо, првиот претседавач на владата на француски јазик во последните 30 години и прв геј премиер кој јавно го знаат во Европа, вети вчера дека ќе го подобри својот холандски јазик, зборуван од страна на мнозинството на фламанската заедница во Белгија.Од друга страна, именувањето на Елио ди Рупо (60) за премиер на Белгија предизвика бурни реакции во јавноста, како и остри критики од страна на десницата. Ди Рупо е прв деклариран хомосексуалец кој е на чело на некоја влада во Европа, десницата замерува на неговата сексуална определба, а има и...

Continue reading

No government

Белгија конечно ќе добие нова влада!?

Post Views: 2 Белгија постави нов светски рекорд. Центарот на Европа е без влада цели 19 месеци.  Но, по се’ изгледа, наскоро ќе се реши „големиот раскол“. Изминатиот викенд (08/09.10) беше усвоена потребната државна реформа. Во Белгија се наѕира конечно формирање на нова влада, изјави наименуваниот мандатар за состав на новата влада Елио Ди Рупо. Политичарот на Социјалистичката партија, во вторникот (11.10) во Брисел, ја престави државната реформа што беше усвоена изминатиот викенд. Компромисот на осумте политички партии е „историски“, изјави Ди Рупо за новинската агенција Белга....

Continue reading

koncert Belgija

Се урна бина и во Белгија, 5 мртви

Post Views: 7 Најмалку 5 луѓе загинаа a над 70 се повредени по уривање на сцените на музички фестивал во Белгија, на кој требаше да настапат Foo Fighters, Eminem, The Offspring и 30 seconds to Mars.Несреќата на првиот ден од Пуккелпоп фестивалот ја предизвикало големо невреме, проследено со дожд и силен ветар. Освен сценските конструкции, се урнале и огромните видео бимови и околните дрвја. Во моментот во публиката имало 60.000 луѓе. Бурата почнала веднаш по настапот на Skunk Anansie.“Небото наеднаш потемне и почна силно да врне град. Насекаде паѓаа дрвја. Изгледаше како да...

Continue reading

sudar na vozovi

Најмалку 20 лица загинаа во судар на возови

Post Views: 2 Службени лица од железницата изјавија дека се судриле два патнички воза околу 8:30 часот утринава по локално време во градот Хале,15 км југозападно од Брисел.Во тоа време луѓето одат на работа, па затоа возовите беа полни,јавуваат агенциите. Градоначалникот на Хале изнесе  податоци дека во несреќата загинале најмалку 20 луѓе иако тоа од железницата сеуште не го потврдиле.Медиумите во Белгија известуваат дека до сударот дошло поради обилниот снег. {loadposition content9}

Continue reading

Iv Loterm

Ив Лотерм не се враќа на функцијата премиер на Белгија

Post Views: 6 Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“. Лотерм поднесе оставка во петокот поради случајот со банката „Фортис. Министерот за правда и институционални реформи Јо Вандаурзен, исто така, поднесе оставка по тврдењата на претседателот на Суд дека има „важни индикации“ за притисок од Владата врз судиите во случајот со национализираната банка „Фортис“. Случајот е поврзан со претходната пресуда на бриселски суд со која...

Continue reading

makedonska fudbalska reprezentacija

Македонскиот фудбал ја фати „удолницата“

Post Views: 15 Фудбалската репрезентација на Македонија, сосема очекувано, после двата пораза од Белгија во квалификациксиот циклус за престојното СП 2014, доживеа пад од десет позиции на најновата ФИФА ранг-листа. Нашиот национален тим е на 83. позиција со 441 бод, најблиску до нас, кога се во прашање противниците во квалификацискиот циклус е репрезентацијата на Шкотска која е на 77. позиција. Скок од 20. места забележа селекцијата на Велс која сега е на 49. позиција. Пад од пет позиции забележа репрезентацијата на Србија која е на 40. место, а Белгија е на одличната 16. позиција. Најголем...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top