Ознака: без

velosipedi

Меѓународен ден без автомобили

Post Views: 11 Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили. Предвидено е карванот да тргне од пред градските бараки и ќе се движи кон трговскиот центар „Буњаковец“ каде што ќе биде презентирано паркиралиште за велосипеди. Централниот настан „Со велосипед е во ред! а каде да паркирам?“ треба да се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје. Целта на целиот проект е да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство во урбаните средини и преку конкретни акции и поставување паркиралишта за...

Continue reading

agencija za razvoj na zemjodelie

Струшката агенцијата за развој и потикнување на земјоделството остана без пари

Post Views: 10 Вработените алармираат на последиците кои им се закануваат на земјоделците. Од владата смируваат, ќе се реши и тој проблем. Струшките земјоделци ја испуштија можноста  да бидат советувани на кој начин треба да се засее плодната површина. Оваа но и другите активности  кои се предвидени во  есенскиот период не може да бидат реализирни од страна на Ангенцијата за развој на земјоделетво, бидејќи четврти месец на нивната сметка не е префрлен ниту денар. Ваква е ситуацијата во сите агенции низ Македонија,  но за овој проблем јавно проговорија претставниците од струшкиот регион....

Continue reading

Arben Cejku

Македонија без визи за Албанците

Post Views: 1 Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани. „Ние имаме договор кој предвидува укинување на визите меѓу двете наши земји, кој не зависи од либерализацијата на визите што ја доби Македонија и која набргу ќе ја добие и Албанија“, изјави Чејку. Албанскиот дипломат во Македонија, својата изјава ја даде по вчерашната средба со вицепремиерот одговорен за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, каде прецизирал дека воспоставувањето на визите се врши само доколку Македонија стане...

Continue reading

banknoti

Цела фирма без плата за само една грешка

Post Views: 1 Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки. Управничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување...

Continue reading

Tose Proeski

Една година без Тоше

Post Views: 3 Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески. Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца. Според православните верски обичаи и желбата на семејството Проески, претпладнево на Гумење во Крушево пред вечниот дом на Тоше ќе биде одбележан помен за неговото прерано заминување. Денешниот настан го одбележува и маратонот, што со пораката...

Continue reading

struja

Источна Европа ќе остане без електрична енергија?

Post Views: 2 Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија. Во најновиот извештај се споменува дека целиот регион може да се најде во енергетски колапс, ако во овој сектор не се вложи повеќе од 3.000 милијарди долари во наредните 20 години. Според директорот на Светската банка за одржлив развој, Питер Томсон, се очекува побарувачката за енергија во двата региони да се зголеми за 50 отсто до 2030 година. Финансиската криза ја успори побарувачката за енергија и направи простор што им овозможува...

Continue reading

Pato i Ronaldinjo

Бразил на Светското првенство без Пато и Роналдињо

Post Views: 5 Карлос Дунга селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, соопшти дека на списокот на играчи за Светското првенство во Јужна Африка нема да се најдат двајцата најдобри играчи на тимот на Милан, Роналдињо и Пато. “Тие двајца не ги искористија шансите кој ги имаа. Играчите доаѓаат и си заминуваат, а тие кој беа во конкуренција за мечот со Република Ирска ќе бидат јадрото на селекцијата која ќе настапува на Светското првенсто. Составуваме тим и игра во која секој ќе си ги знае обврските” изјави селекторот на “кариоките” и додаде дека не ја...

Continue reading

pehar

Во Премиер лигата нема пауза во првенството

Post Views: 12 Како и вообичаено во англиската Премиер лигата нема пауза за време на божикните и новогодишните празници, напротив, во следните пет денови ќе се одиграат две кола. Викендот на програмата се дуелите од 19.коло, а најголемо внимание привлекува гостувањето на лидерот Челзи кај Бирмингем, екипа која има серија од девет натпревари без пораз. Покрај овој дуел ова коло ќе има уште еден дерби натпревар на екипи од Лондон и Бирмингем, в недела третиот Арсенал е домаќин на четвртата Астон Вила.Двојките за денес се: Бирмингем – Челзи, Фулам – Тотенхем, Вест Хем – Портсмут, Барнли...

Continue reading

logo

Дербито Лион – ПСЖ без голови

Post Views: 0 Во првиот натпревар од 33-то коло во француската фудбалска лига Олимпик Лион и ПСЖ одиграа без голови – 0:0. Другите натптревари од ова коло се играат в недела. Еден натпревар се одигра и во рамките на 29-то коло од Бундес лигата. Херта полека излегува од кризата и успеа да освои три бода против Хофенхајм откако славеше победа со 1:0 на гостински терен. {loadposition content9}

Continue reading

kos

Oсмото коло во Суперлигата, без изненадувања

Post Views: 7 Фершпед Работнички и Фени Индустри ја продолжуваат трката за челното место во машката кошаркарска Суперлига и по одигрувањето на синоќешните натпревари кои не донесоа изненадувања. Ослабениот (заради казнети тројца стартери) тим на Овче Поле, беше поразен од Фершпед Работнички на гостувањето во Градски Парк. Домаќините немаа никакви проблеми во текот на целиот натпревар и победија со високи 48 поени разлика. Конечниот резултат изнесува 97:49. Фени Индустри традиционално го победи тимот на Свислион Пелистер со 70:60. Конечните плус 10 домашниот тим во салата Јасмин во...

Continue reading

Luis Hamilton

Хамилтон и Мекларен без поени

Post Views: 7 На светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, му е одземено третото место во првата трка од сезоната што минатиот викенд се возеше за Големата награда на Австралија во Мелбурн, откако стјуардите вчера пресудија дека тој и неговиот тим Мекларен намерно ги довеле во заблуда. Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) во своето соопштение издадено во пресрет на Малезиското гран-при објави дека и Хамилтон и неговиот тим се дисквалификувани од остварениот поредок во трката што се одржа во неделата. Истовремено, на Јарно Трули од Тојота, кој по сослушувањето по...

Continue reading

delogozda

Десеттина струшки села без струја

Post Views: 8 Скоро два месеци  некогаш и по 15  часа на ден без електрична енергија се жителите од десетина струшки села. Тие се револтирани затоа што го имаат овој проблем иако редовно ги плаќаат сметките за струја.Раскажуваат дека на температура од минус неколку степени надвор, внатре се смрзнуваат. Се жалат дека и апаратите за домаќинство им се расипуваат поради честите прекини на електрично напојување. „Во  21 век  кај нас се е можно па дури и да нема струја“, велат жителите на Делогожда. „Не само што немаме струја , туку   и онаа струја што ја имаме е многу слаба.До каде ке...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top