Ознака: активности

Екипите на „Паркови и зеленило“ со низа активности денес низ Охрид

Post Views: 1 Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот. Се отстрануваше дива вегетација и се поткаструваа гранки за да се овозможи непречено движење на пешаци и возила покрај Булевар ,,Туристичка”, во стариот дел на Охрид и покрај тесни пристапни патеки во овој дел од градот. Екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” Охрид го уредија дворното место на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” во склоп на програмата за ,,Прличеви беседи” која ќе се одржи на 05.02.2022 годин...

Continue reading

Интензивни активности за подобрување на патната инфраструктура во Дебрца

Post Views: 5 По повеќекратните барања од советот на Општина дебрца и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта, даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност потребна за рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата. Деновиве ЈП “Македонија Пат” со помош на општинската механизација на Дебрца, започна со изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта...

Continue reading

НЕДЕЛНА АГЕНДА НА АКТИВНОСТИ ВО НУ БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 2 Во понеделник на 13 мај во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „ГРЕХ ЈЕДНЕ РОМКИНЈЕ “ од Златомир Јовановиќ од Обреновац. – Србија. Јовановиќ е познат културолог , книжевник, естетичар и публицист. Тоје прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија. За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.

Continue reading

ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ СО ВОНРЕДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ КЕЈ

Post Views: 8 Поради временските неприлики и засилениот јужен ветер, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатиот викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк. Големите езерски бранови по шеталиштето и во крајбрежниот појас исфрлија големи количини најразновиден отпад (тешко разградлив комунален отпад, трска, реса и др.) кои секојдневно се расчистуваат и транспортираат. Aкцијата за расчистување ќе продолжи и во текот на наредните денови.

Continue reading

ИНТЕНЗИВНИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ НА ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“

Post Views: 3 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни теренски активности во повеќе сегменти од доменот на своето работење. Со ангажирање на специјална механизација извршено е расчистување на неколку диви депонии во туристичката населба Лагадин и во селата Елшани и Долно Лакочереј. Исто така, извршено е и подигање на несоодветно депониран кабаст отпад од неколку локации во градот. Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина...

Continue reading

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 1 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот биодиверзитет,...

Continue reading

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”

Post Views: 0 Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно. Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема. Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од...

Continue reading

„Нема да предизвикаме војна со Русија“

Post Views: 2 Американскиот претседател Барак Обама вчера ја исклучил можноста за американско вклучување во случувањата во Украина, заговарајќи дипломатско решение во спорот помеѓу Русија и Украина за Крим. „Нема да се вовлечеме во воен излет во Украина“, рекол Обама во интервју за една американска телевизиска станица. “Нема да предизвикаме војна со Русија“, нагласил американскиот претседател. Обама, кој претходно воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, рекол дека САД ќе ги поддржи дипломатските активности како би се направил притисок на Русија. „Постои подобар пат...

Continue reading

Изел доказ пред судија

Post Views: 7 Откако одбил да ја предаде информацијата напишана на парче хартија, граѓанинот на Мајами Richard Masten, почнал да ја кине хартијата и да ја јаде пред судијата. Поради ова е осуден на 14 дена затвор за непочитување на судот. Судијата верува дека во затворот ќе има доволно време да размисли како се даваат информации, пишува msn. Имено, во склоп на програмата Crime Stoppers, на граѓаните им се овозможува анонимно давање на податоци за криминални активности без страв за прогон. Masten требало да даде информација за случај на поседување кокаин. Меѓутоа одлучил да не му овозможи...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ РЕКА ГРАШНИЦА

Post Views: 6 Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри. По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид.

Continue reading

Активности во насока на покривање на новата трибина

Post Views: 1 Се започна со поставување на челична конструкција како дел од активностите за покривање на новата трибина при градскиот стадион “Билјанини Извори”. Новата трибина која се гради по највисоки светски стандарди е со капацитет од 1480 седишта и е заеднички проект помеѓу Општина Охрид и Фудбалска Федерација на Република Северна Македонија.

Continue reading

СЕ ИНТЕНЗИВИРАА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО СКЛОПОТ НА ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА

Post Views: 0 Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата “МН-АС Констракшн” од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top