Селеш ќе беше најдобра

Пред точно 20 години, на турнирот во Хамбург, на брутален начин беше нападната една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Моника Селеш.

 |  Голабовски Крсте  | 
Monika Seles
Моника Селеш

Пред точно 20 години, на турнирот во Хамбург, на брутален начин беше нападната една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Моника Селеш.

Monika SelesЗа време на четвртфиналниот натпревар против Бугарката Магдалена Малеева, на 30. април 1993. година, Германецот Гинтер Пархе ја нападна Селеш и со неколку убоди од нож во нејзиниот грб го смени текот на нејзината кариера.

Легендарната Мартина Навратилова смета дека Моника Селеш би била најдобрата тенисерка на сите времиња, доколку не беше прободена со нож на 19-годишна возраст.

Подоцна се дозна дека 38-годишниот напаѓач би голем фан на Штефи Граф и на тој начин сакал да ја врати Германката на врвот на ВТА листата.

Селеш физички се опорави за неколку недели, но нападот остави големи психички последици, поради што отсуствуваше две години.
Напаѓочот беше осуден со двегодишна условна казна со обрска да замине на лекување, а по овој инцидент беа зголемени мерките за безбедност на тениските турнири.

Селеш, која е родена на 2. декември 1973. година во Нови Сад, освои девет Гренд Слем титули, а во 1990. година, со само 16 години, стана најмладата освојувачка на Ролан Гарос.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top