Фудбалската сезона во Европа завршува вечерва

Диего Симеоне: Сакам кога има притисок врз мене

 |  инфодеск  | 

Фудбалската сезона во Европа завршува денес во 20.45 часот на стадионот Сан Сиро во Милано каде за највредниот трофеј ќе се борат Реал и Атлетико од Мадрид. Ова е реприза на финалето од 2014 година и на јорганџиите им носи прилика за реванш врз градскиот ривал и прва титула во Лигата на шампиони во својата историја, додека тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан, посакува на трофејот освоен на терен да му го придодаде и овој кој би го освоил во чевли.

“Натпреварот ќе има многу тензии, особено на почеток. Мислам дека Каземиро е клучен во средината на Реал, а посебно во одбраната. Верувам дека на тој дел од теренот ќе се одлучува победникот. Ми се допаѓа што на грбот носам терет стар 113 години без трофеј во Лигата на шампиони, но сакам кога имам притисок”, изјавил Диего Симеоне на конференцијата за медиуми во Милано.

Мечот ќе има поебно значење за фернандо Торес, кој проникна во Атлетико, кој мечтае за трофеј против лутиот ривал.

“Освојував трофеи со Челзи, репрезентацијата, но ова е нешто поинаку. За ова сум сонувал како дете, со нетрпение чекам натпреварот да почне. Мораме да бидеме како еден, да гинеме, бидејќи само така можее до успех”, порачал Торес.

“Се очекува екстремно тежок меч, тоа е сигурно. Среќни сме што сме во финале, напорно работевме за тоа и ние сме спремни. Знаеме како се освојува трофеј и сакаме повторно да го подигнеме. Анчелоти пред финалето во Лисабон ми рече “еден ден ќе бидеш во иста ситуација како јас денес”, и ете тоа се отствари. Верувам дека епилогот ќе биде ист”, изјавил Зинедин Зидан на официјалната конференција за медиумите.

Тој додаде дека првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо, сеуште чувствува болка по тренингот, но ќе биде спремен за денешниот меч.

“Ќе биде 100% спремен. Тој се пошегува дека болката исчезнува кога играш финале на Лигата на шампиони”, изјавил Зидан.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top