Аргентинци играле како Европејци со лажни италијански пасоши?

Четири аргентински фудбалери се најдоа на обвинителна клупа затоа што најверојатно играле со лажни и фалсификувани италијански пасоши во Европа, со што биле третирани како играчи од Европската унија.

 |  Маја Савиќ  | 
pasosh
пасош

argentinci
Судијата на сојузниот суд во Буенос Аирес, Норберто Ајабиде испратил судски покани за четири фудбалери, кои биле дел или се уште играат во европа. Станува збор за Диего Пласенте од Бордо, Хуан Пабло Карицо, голманот на Сампдорија, Себастијан Лето, напаѓачот на Панатинаикос и Хуан Форлин, актуелен дефанзивец на Бока јуниорс. Покрај нив, покана добил и таткото на Форлин, Хуго.

Според извештаите, започната е истрага дека тие играле во Европа со лажни пасоши, се со цел да ги задоволат правилата на лигите, за ограничувања кај бројот на странци кои не доажаатт од Европската унија. Сите тие покрај аргентиските пасоши имале италијански. Во рамките на Европската унија, ниту еден фудбалер не се смета за странец ако доажа од земјите членки на неа.

Исправноста на пасошите била доведена во прашање од страна на италијанскиот генерален конзулат во Буенос Аирес, на чие барање е и поведена истрагата. Засега не е познато кога ќе се одржи првото рочиште, ниту со какви казни би се соочиле фудбалерите ако евентуално бидат прогласени за виновни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top