25 милиони евра за Алонсо

Фернандо Алонсо има договор со Scuderia до 2016-та година, но според информации на шпански изданија, тој е подготвен да се врати во британскиот тим за наводно понудените 25 милиони евра годишно и да го раскине договорот со Ferrari.

 |  Голабовски Крсте  | 
Fernando Alonso
Фернандо Алонсо

Фернандо Алонсо има договор со Scuderia до 2016-та година, но според информации на шпански изданија, тој е подготвен да се врати во британскиот тим за наводно понудените 25 милиони евра годишно и да го раскине договорот со Ferrari.

Fernando AlonsoСпоред инсајдерски информации сегашната плата на Шпанецот во тимот на Ferrari е 20,5 милиони евра.Honda веќе се согласила да плаќа половина од износот, бидејќи од 2015 година Јапонците ќе испорача мотори на McLaren. Не е тешко да се пресмета за колку ќе се зголемат приходите на шпанскиот пилот, ако ова стане реалност.

Алонсо веќе беше пилот на McLaren во 2007-та година, кога сезоната ја заврши на третото место, но го напушти тимот поради поддршката од страна на Рон Денис за Луис Хамилтон. Потоа Фернандо отиде во Renault, а од 2010-та е пилот на Ferrari.

Во моментов пилоти на британскиот тим се Серхио Перез и Џенсон Батон. Британецот најави дека останува и за следната сезона, додека местото на Мексиканецот е под знак прашање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top