лига шампиони

Мбапе замина за Мадрид

Мбапе заедно со својот тим од ПСЖ отпатува за Мадрид. Иако имаше повреда, се очекува да игра на утрешниот натпревар.
 |  инфодеск  | 
foodball player

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе замина за Мадрид заедно со останатиот тим на ПСЖ, каде утре ќе се игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот против Реал Мадрид ќе се игра утре на „Сантиаго Бернабеу“, а Мбапе беше под знак прашалник поради повреда.

Французинот предвреме го заврши вчерашниот тренинг поради остар старт на Гаје и имаше повреда на глуждот.

Постоеше опасност Мбапе да не може да игра против Реал, но според последните информации, тој најверојатно ќе биде во стартниот состав утре.

Со тимот на ПСЖ отпатува и Серхио Рамос, кој сигурно ќе го пропушти дуелот поради повреда.

Извор/Спортски.мк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top