„Заборавениот Исус“ на Да Винчи стана најскапото уметничко дело во светот

“Салватор Мунди” на Леонардо да Винчи во средата во Њујорк беше продаден на 450,3 милиони долари. Со тоа оваа слика на славниот Фиренчанец ги надмина сите рекорди и стана најскапиот уметнички предмет во светот.

 |   | 

“Салватор Мунди” на Леонардо да Винчи во средата во Њујорк беше продаден на 450,3 милиони долари. Со тоа оваа слика на славниот Фиренчанец ги надмина сите рекорди и стана најскапиот уметнички предмет во светот.

“Салватор Мунди” го претставува Исус кој со десната рака благословува а во левата држи кристална топка. Темата беше популаризирана кај северно-европските сликари како Јан Ван Дајк, Ханс Мемлинг или Албрехт Дурер.

Продажбата се одвиваше во славната сала за продажба “Кристи’с” а продажбата траеше 19 минути со наддавање помеѓу пет лица од кои едно беше присутно во салата а другите ги кажуваа своите цени по телефон. Почетната цена беше 100 милиони долари и со наддавањето достигна асттономски 450.3 милиони долари. Новиот сопственик останува анонимен и најверојатно ќе остане анонимен.Па оттука, љубителите и познавачи на уметноста се прашуваат дали еден ден јавноста ќе може да му се восхитува на ова дело во некој од светските музеи.

Претходниот рекорд на продажба на уметничка слика на класичната уметност, во 2002 година, делото “Масакрот на невините” на Рубенс, изнесуваше 105 милиони долари.

За богатите колекционери на уметнички дела во светот, денес повеќе вредност има модерната уметност. Така “Жените на Алжир” на Пикасо достигна цена 179,4 милиони долари а “Легната гола” на Модиљани 170.4 милиони долари.

“Салватор Мунди” датира од 16 век а димензиите се 65,6 × 45,4 цм. На почетокот сликата била дел од кралската колекција во Англија но потоа се губи нејзината трага во текот на 137 години. Таа се појавува во 1900 година, купена од англискиот бизнисмен Франсис Кук. Но сликата е оштетена, врз неа се додадени неколку слоја бои и во тоа време се смета за дело на некој од учениците на Леонардо да Винчи. Во 1958 година Кук ја продава сликата за одвај 45 британски фунти што во денешна вредност изнесува стотина евра.

Сликата се појавува за време на една продажба во Америка каде што ја купува трио познавачи на уметноста и ја даваат на чистење. Додадените слоеви боја сепак и нанеле непоправлива штета на сликата. При чистењето панел експерти открива дека сликата е дело на самиот мајстор Леонардо па така таа наоѓа место во славната Национална галерија во Лондон.

Потоа, триото сопственици на сликата ја фиксираат цената на 200 милиони долари но рускиот олигарх Дмитри Риболовлев во 2013 година успева да ја купи за 127,5 милиони евра. И тука се појавува проблем. Риболовлев ја купи сликата со посредство во еден швајцарски трговец кој ги раководи светските складишта преку кои се избегнува плаќањето на даноци за уметнички дела. Швајцарецот му ветил на Риболовлев дека ќе му помогне да добие уметничка колекција вредна 2 милијарди долари. Но во меѓувреме Риболовлев открива дека Швајцарецот врз него заработува огромни суми пари и тогаш почнува судски процес што се уште е во тек а сликата замина на продажба во Њујорк. Каде што “Салватор Мунди” стана најскапото уметничко дело на светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top