Според NASA „2012“ е најлош филм

Филмот „2012“ во кој се предвидува глобална катаклизма, експертите на НАСА го прогласија за најлош.

 |  Маја Савиќ  | 
2012
2012

2012Според весникот „Сандеј тајмс“, научниците оценуваат дека е невозмозно честичките што експлозиите на Сонцето ги донеле на Земјата да предизвикаат земјотреси, цунами и ресцепување на континентите како што е прикажано во филмот „2012“.

Авторите, според експертите од НАСА сакале само да заработат пари на стравот на суеверните луѓе околу претскажувањето на Маите за крај на светот во 2012 година.

Дел од листата најлоши филмски остварувања е и популарниот филм „Армагедон“ од 1998 година, како и филмот „Вулканот“ од 1997 година.

Позитивни оценки и пофалби за својот реален приод од експретите на НАСА имаат филмот „Блејд Ранер“ во кој се прикажува Лос Анџелес во 2018 година, потоа „Гатака“ во кој инфериорен маж го презема идентитетот на генетски супериорен лик за да може да патува низ светот, филмот „Контакт“ каде се трага по живот во вселената со помош на радарски телескоп, како и „Паркот Јура“ каде мистеријата на ДНК е едноставно објаснета.

contact i gattaca
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top