УНЕСКО се смилува: имаме рок до февруари 2020

Охрид нема да биде прогласен светско културно и природно наследство во опасност, имаме рок до февруари 2020,да ги исполниме препораките дадени во 2017 од рњактивната комисија. 

 |   | 

Охрид уште неколку месеци нема да биде прогласен „светско наследство во опасност.“ УНЕСКО на конференцијата во Баку Азербеџан ни дозволи дополнителен рок до февруари следната година.

Државава и градов ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на реактивната комисија на УНЕСКО за Охридскиот регион дадени во 2017 година. Земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали Охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“

Од владината делегација на конференцијата во Баку, Азербејџан, информираа дека дел од градбите кои беа спорни се веќе стопирани, а дека интензивно се работи и на реализацијата ба сите останати забелешки кои претходно ги наведе УНЕСКО.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top