Коронавирусот не е глупост и тргањето на маските нема да доведе до негово исчезнување

Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го докажуваат тоа. Ако во постот под глупости се подразбира пандемијата, која го зафати цел свет, тогаш воопшто не станува збор за никаква глупост. Само прекинете да носите маски и ќе видите како сè ќе се врати во нормала. Маскиве се основа на сите овие глупости. Без основата сè ќе се распадне. Бидете достоинствени и сами одлучувајте за своето лице, своето тело и своето здравје. Никој...

Continue reading

Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

Микробиологот Пановски изразува сомнеж дека омикрон можеби е влезен во Македонија, а потврда за такво нешто немаше. Оттука, насловот на текстот линкуван во постот е погрешно формулиран, а на самата објава на Фејсбук ѝ недостига контекст, односно објаснување дека станува збор за претпоставка, а не за официјална потврда. Сојот омикрон на коронавирусот во земјава пристигна дури четири дена подоцна. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест...

Continue reading

Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

Вакцините кои се користат во Македонија не се експериментални. Вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото ефикасно средство за...

Continue reading

Нема одлука за вакцинација на деца против ковид–19

Погрешно е тврдењето дека е „донесена одлука“ и дека „некој во наше име одлучил“ за вакцинирање на деца од 5-12 години. Одлуката за набавка на 10.000 педијатриски вакцини на „Фајзер“ не е одлука за вакцинација. Крајниот збор за педијатриските вакцини ќе го има националната Комисија за имунизација. Пост на Фејсбук дезинформира дека е донесена одлука за вакцинација на деца, по пример на некои од европските земји, како Белгија, каде вакцинацијата е на доброволна база. Одлуката „веќе“ била донесена за напролет да се почне со вакцинација на деца од 5 до 12 години?!?! Кој е тој што во наше име “веќе”...

Continue reading

Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните

Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не се...

Continue reading

Паушални тврдења за појава на оток и плускавец по примена трета доза вакцина

Постот со објавена фотографија на отечена нога со плускавец, наводно, како резултат на примена трета доза од вакцината „Фајзер“ против ковид-19, е паушален и има за цел да ги изманипулира корисниците на социјалните мрежи дека споменатата вакцина е опасна. Од МАЛМЕД велат дека има пријави за сомнеж за несакани реакции кои претежно имаат лесна симптоматолгоија, но, кај нив  досега нема пријава за појава на оток со плускавец по примена трета доза вакцина. Рецензираме пост на Фејсбук кој се споделува без конкретни и аргументирани информации за нејзината вистинитост. Објавата се состои од фотографија...

Continue reading

Не е точно дека омикрон е производ на вакцинацијата

Научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од овој вирус. Научната јавност е децидна дека најважниот фактор што го зголемува ризикот од мутации е ширењето на вирусот. Колку вирусот повеќе се шири на одредено место, толку е поголема веројатноста за уникатна мутација. Имено, варијантите на вирусите не се појавуваат поради тоа што луѓето се вакцинираат. Напротив, масовната вакцинација може да ги спречи варијантите. Според директорот за итни ситуации на СЗО, д-р Мајк Рајан, нема знаци дека новата варијанта на коронавирусот...

Continue reading

Омикрон не ги заразува исклучиво вакцинираните

Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се заразиле надвор од САД. А како што знаеме, за да се патува, човек мора да биде вакциниран со две дози, бидејќи такви се барањата на повеќе држави. Оттаму, да се каже дека само вакцинираните се предмет на зараза со омикрон е погрешно и...

Continue reading

Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од страна на организацијата. Објава на Фејсбук, пишувајќи за протоколите во училиштата, според кои децата и вработените треба да носат маски како заштита против коронавирусот, ја манипулира јавноста дека Светската здравствена организација не препорачува такво...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top