Шефовите на европските разузначавчки служби започнаа голема истрага за новата закана во борбата против исламистичките терористички групи – жени бомбаши.

Според координаторот за антитерористички активности на ЕУ, Жил де Кершов, не само што екстремистичките групи ангажираат исламски жени за воени акции, туку и жени од ЕУ. Група жени, чии лица се покриени и имаат оружје в рака, на една видео снимка од Багдад, објаснуваат зошто посегнале по автоматите, против американската војска во Ирак.

„Ние сме бранителки на исламот”, вели една од нив, додавајќи дека нејзина должност е да ја брани земјата во која што се родила.

„Зошто ние би стоеле на страна, додека нашите мажи гинат”, посочува таа.

Според последниот биланс на загинати во Ирак, чиј што број е значително намален од почетокот на 2004 година, последниот месец е забележан драматичен пораст на напади извршени од жени самоубијци.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: