Categories
Свет

Земјотрес во Венецуела

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа источниот дел на Венецуела. Засега нема информации за жртви.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа источниот дел на Венецуела. Засега нема информации за жртви.

Венецуелската фондација за сеизмолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во Карипското Море, на 305 километри источно од Каракас.
Според министерот за внатрешни работи Рамон Родригез околу 50 згради биле малку оштетени и една болница е евакуирана веднаш по земјотресот.

Потресот предизвикал прекин на снабдувањето со електрична енегрија во некои делови на Кумана, главен град на државата Сукре. Земјотресот бил почувствуван и во соседните држави Нуева Еспарта и Анзоатеги.

Во регионот на земјотресот се вршело вадење на нафта, но од државната нафтена компанија „Петролеос де Венесуела“ соопштија дека потресот не влијаел на нејзината дејност.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *