Жабите во Грција најавуваат земјотрес

Грчките сеизмолози предвидуваат дека наскоро може да има земјотрес во Турција и во Грција, земајќи ги како предвесник илјадниците жаби што се појавија на автопатот „Игнација“ во северна Грција, пренесуваат грчките медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
zabi
Жаба

zabiГрчките сеизмолози предвидуваат дека наскоро може да има земјотрес во Турција и во Грција, земајќи ги како предвесник илјадниците жаби што се појавија на автопатот „Игнација“ во северна Грција, пренесуваат грчките медиуми. Прогнозата на сеизмолозите се заснова на истражувањето од британски научници минатиот месец, според кое постои директна врска меѓу жабите и сеизмичката активност. Ваквиот податок на стручњаците по сеизмологија кај нашиот јужен сосед им даде основа да објават дека е можно во наредниве денови да се случи земјотрес во регионот на Грција и на Турција. Инаку, според тврдењето на британските научници, жабите можат да ги предвидат земјотресите. Како пример се посочува миграцијата на жабите во Лаквила, Италија, неколку дена пред земјотресот на шести април минатата година, во кој загинаа 300 лица, а 40.000 останаа без домови.

zabi

На петти мај 2008 година, пак, во централна Кина, исто така, се случи миграција на жаби, природен феномен што го предвиде земјотресот што се случи по седум дена, а во кој животот го загубија повеќе од 12.000 лица. Но, според грчките научници, појавата на жабите на автопатот „Игнација“ во средата е сосема нормална појава за овој период од годината. – Секоја година, кон крајот на мај, жабите мигрираат и сосема е нормално да ги блокираат патиштата – истакна Пасхалина Кириакопулу, професор по зоологија на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Таа додаде дека во периодите по дождови, а посебно во региони со многу водени басени, жабите излегуваат на патиштата и се упатуваат кон нивите, особено во вечерните и во раните утрински часови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top