Categories
Свет

Поранешниот возач на Бин Ладен заработи 5,5 години затвор поради поддршка на тероризмот

Јеменецот Салим Хамдан заработи 5,5 години затвор поради материјална поддршка на тероризмот.

Американскиот Специјален воен суд синоќа на поранешниот возач на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Јеменецот Салим Хамдан му изрече казна затвор во траење од 5,5 години, поради „материјална поддршка на тероризмот“.

Пресудата ја донесе истиот шестчлен Судски совет во американската воена база во Гвантанамо, кој пред два дена го прогласи Хамдан за виновен по обвинението.
Специјалкниот суд е формиран од страна на Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш, со цел да им суди на странски државјани обвинети за тероризам надвор од редовните граѓански и воени судови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *