Кој го смисли В-маскирањето на демонстрантите?

В како Вендета – маскираните демонстранти против естаблишментот.

 |   | 
v for vendetta
v for vendetta

Од Њујорк до Лондон, од Сиднеј до Келн и Букурешт, страшните маски од филмот „В како Вендета“, станаа амблем на протестите против естаблишментот.

maskirani demonstranti

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж неодамна се појави на протестот на групата „Окупирајте ја лондонската берза“ со таква маска. Наводно ја симнал на инсистирање на полицијата.

Assange so maska V

Секој кој ги гледал демонстрациите против политичарите, банките или финансиските институции ширум светот го забележал деталот кој се повторува – стилизираната маска според ликот на Гај Фокс со бркови и шилеста брада. Како што пренесува Би-Би-Си, прашање е само – кој стои зад тоа?

Се верува дека маските, освен обожавателите на филмот, први ги користеле озлогласени хакери-активисти од групата „Анонимни“ во 2008 година, во текот на протестите против саентологијата, а маските потоа станаа популарен реквизит на многу антикапиталистички протести.

maskiМаските се креирани за филмот од 2006 година „В како вендета“, кој е режиран според истоимената графичка новела: маската ја носи мистериозен осамен анархист кој се потпишува со едноставно „В“, а се бори против фиктивна фашистичка партија во Британија.

Авторот на новелата Дејвид Лојд создал оригинален изглед на маска за стрипот кој го напиша Алан Мур. Лојд маската ја споредил со прочуената фотографија на Че Гевара која ја снимил Алберто Корда и која станала моден симбол на младите ширум светот.

– Маската на Гај Фокс стана вообичаена и згодна да се користи во протести против тиранијата. Се радувам што луѓето ја користат, целосно е оригинално што една икона на популарна култура се користи на овој начин, рече тој.

Заинтересираниот Лојд ги посети протестите на групата „Окупирајте го Вол Стрит“ во Њујорк, за да ги види луѓето кои ја носат неговата маска.

Филмот „В како вендета“ завршува со масовни сцени во кои граѓаните на Лондон со маски на Гај Фокс невооружени маршираат на Парламентот.

– Книгата е за човек кој ја урива државата, но во филмот се наоѓа сцена во која толпата го изнесува својот став против безличните корпорации. Маските беа корисни за протестите против саентологијата бидејќи спречуваа препознавање, рече Рик Џонстон-критичар.

Маските на почетокот беа направени за промоцијата на филмот и се делеа на проекциите. Денес, компанијата „Рубис костјумз“, која произведува маски, продава околу 100.000 годишно во светот, а само во Британија 16.000. Портпаролот на компанијата не е загрижен дека врската со активистите може да влијае на имиџот на компанијата.

Компанијата ги отфрла тврдењата дека „Анонимни“ и другите групи предизвикале интерес за маската и истакнува дека продажбата од премиерата на филмот одлично одела.

Лојд наведува и дека слушнал анегдоти дека американската полиција барала маски во домовите како доказ дека се замешани во протестите на „Анонимните“ што како што истакна е „страшно но и смешно“. – Сигурно нема да прогонувате некој кој има маица со ликот на Че?.

Една од членките на „Анонимни“ рече дека таа и другите кои протестираат пред катедралата на Св. Павле во Лондон, маските ги носат не само да го зачуваат идентитетот, туку и како симбол на борбата против корпоративната алчност.

– Тоа е важна визуелна работа, таа не одвојува од хипиците и социјалистите и ни дава наш идентитет. Ние сакаме да ги симнеме владите и да почнеме од нула, рече таа.

Џонстон смета дека маската во основа е насилна претстава. – Тоа не е симбол на пасивен отпор туку на активен тероризам. Се работи за рушење на влади и земји и тоа може да биде застрашувачко и да ги одбие луѓето, смета тој.
Идејата „В“ маската да стане политички симбол е смешна. Тоа е исто како кога би поверувале дека можете да срушите влада со помош на светлосни сабји или мачеви на Хи-мен, заклучи тој.

BBC

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top