Categories
Свет

Тропската бура „Берта“ се надви над Бермуда

Тропската бура „Берта“ која вчера стигна до Бермуда, се разви во ураган. Тропската бура „Берта“ која вчера стигна до Бермуда, се разви во ураган.

Улиците на Хамилтон беа празни и сите ферибродови и авионски линии на британска територија беа откажани. Најголем број од бизнисите беа затворени, дојде до прекин на електричната енергија, предизвикан од силните ветрови како и до помали поплави во пониските региони. Сеуште нема извештаи за повредени.

Пензионерката Барбара Ричардсон, се соочи деновиве покрај со недостаток на електрична енергија и со силните ветрови кои ја зафатија областа Ворвик каде што таа живее.

Таа изјави дека ветровите биле навистина страшни но дека сега полека се смируваат, и дека не е најлошото невреме кое ја има зафатено Бермуда.

Од Американскиот национален центар за следење на урагани излегоа со соопштение дека центарот на ураганот се наоѓа на 65 милји североисточно во островото Атлантик, со измерена најголема брзина на ветерот од 85 километри на час.
Американците можат да здивнат, најверојатно „Берта“ слабее и на добар пат е да ги одмине.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *